Денес се одржа хуманитарна акција по повод Први декември ,,Ден за борба против сидата". Членовите на Црвениот крст од нашето училиште делеа црвени машнички, а учениците и наставниците учествуваа со симболична сума, вклучувајќи се во акцијата.
Friday, 29 November 2024
„ Техники за трансформација на биоотпадот "
На ден 28.11.2024 година 20 ученици од нашето училиште учествуваа на работилница „ Техники за трансформација на биоотпадот " во биохемиска лабораторија на Средното хемиско училиште" Марија Склодовска Кири". На практичен начин, преку искуствено учење, тие ги учеа техниките за производство на биогориво од масло, добивање на пектин од лушпи од јаболки и правеа ладно цедено масло од сусам.
Одговорни наставници : Биљана Илиева и Марјан Кузмановски
Wednesday, 27 November 2024
Климентовите ученици од 2-2 одделение
Да го одбележиме денот на нашиот патрон, да се заблагодариме за неговото дело. Ние сме Климентови ученици, ние го продолжуваме неговото дело.
Среќен патронен ден учителу-просветителу!!!
II2 одделение, одделенски наставник Татјана Каранфиловска
Monday, 25 November 2024
Прво место за Климент
На противпожарниот натпревар на ниво на општинс Кисела Вода учениците од нашето училиште Теона Пецевска, Марко Маринковски и Сандра Цветковска од 9-1 одд. го освоија првото место со 210 поени од 260. Одлични бевте млади пожарникари, ви посакуваме успех и на градскиот натпревар.
Friday, 22 November 2024
Креативност без граници
На креативните идеи им нема крај. Нашите првачиња од 1-2 одделение, изработија цртежи од есенски листови!
Wednesday, 20 November 2024
Истражување на хранливи материи преку експерименти
Истражување на хранливи материи преку експерименти
На часовите по биологија секогаш е интересно кога се изведуваат експерименти. Работа во групи и докажување на шеќери, масти и белковини во различни хранливи продукти со учениците од 8-1 и 8-2 одд.
Наставник ментор и наставник по биологија Биљана Илиева
Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ ООУ Св. Климент Охридски Драчево
Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ во ООУ Св. Климент Охридски Драчево Благодар...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Секоја генерација е уникатна. Оваа е уште поинтересна. Комисијата имаше тешка задача да ги бодира достигнувањата на седуммината кои конкур...
-
Со дипломи и награди денес во свечената сала во Општина Кисела вода беа наградени тројца ученици од нашето училиште по повод 21 Февруари- Де...