Во оваа 2026 година први април е неверојатно шарен и разигран. Стари баби и дедовци, модерни баби, каубојци и каубојки, пирати, јунаци од бајките, балон, здрава храна, морски свет и нуркачи, шеици, волшебници, пчелари, полицајци и криминалци, зомбија и видео игри, навивачки и фудбалери и што ли уште не.
Овој врнежлив ден на шегата во нашето училиште се организираше првоаприлски маскенбал во две категории: 1-5 и 6-9 одделение. Жири комисијата во состав: Ивана Јаневска - психолог, Наташа Старделова- библиотекар,Јана Цветановска и Максим Ѓеорѓиевскки ( претставници од учениците од Ученичкиот парламент) имаа тешка задача да одберат најдобра тематска маска. Секоја од паралелките се претстави со своја сценска изведба, а по дадената оцена на секој од членовите на жири комисијатa, се собраа бодовите и резултатите се следниве:
Категорија 1-5 одделение:
Прво место - 1-2 одделение
Второ место - 2-1 одделение
Трето место - Лука Трпчевски 3-1 одделение
Категорија 6-9 одделение:
Прво место - 9-1 одделение
Второ место - 8-2 одделение
Трето место - 7-2 одделение
Пофалници за индивидуални маски добија и Андреј Радевски од 9-1 одд., Матеа Цветковска 6-2, Филип Димески 7-1 одд., Огнен Гајдоски 2-1, Давор Павловски 4-2, Калин Јовевски 4-2 одделение.
Сите учесници добија дипломи за освоено место и пофалници за учество.
Следува галерија со слики од секои од маските.