Од 24 до 26 март наставникот по физичко и здравствeно образование Александар Ѓеорѓиевски учествуваше на семинар во Белгија (Антверпен, Гент и Земс) преку Еразмус проект на темa ,,Училишни улици", а во соработка со Вело-училишта.Проектот беше за безбедно пристигнување и заминување на учениците од училиште,за користење на велосипед или пешачење до училиште и што помало користење на моторни возила од страна на родителите за транспорт на нивните деца до училиште. Затворање на улиците за сообраќај кои водат до училиштето во период од половина час кога учениците пристигнуваат и заминуваат од училиште. Модифицирани пешачки премини за поголема безбедност на учениците и сл. Предизвик ќе ни биде во блиска иднина да примениме барем дел од нивните практики,но во соработка со локалната власт, градските власти, локалното население, родителите, наставниците и учениците, сè со цел да се зголеми безбедноста на учениците.
Thursday, 27 March 2025
Monday, 24 March 2025
Saturday, 22 March 2025
Исчистена е Кота!!!
Денес во организација на спортско-рекреативната секција реализиравме пешачење до Кота.На мое големо задоволство учениците самоиницијативно ги собраа отпадоците од несовесните жители и кесите со отпадоци ги донесивме до Три Круши и ги фрливме во канта.
Одговорен наставник: Александар Ѓеорѓиевски
Thursday, 13 March 2025
Работилница од Центарот за толеранција и доживотно учење
Трета работилница организирана од Центарот за толеранција и доживотно учење
Главна тема на работилницата беше како сè може учениците да го претстават поимот мир. Една група ученици пишуваше пораки за мир на различни јазици, друга група своите размислувања и идеи ги претставија преку цртеж, а третата група твореше поезија. Групите ги презентираа своите изработки. Работилницата беше успешна и помина во пријатна атмосфера.
Tuesday, 11 March 2025
Monday, 10 March 2025
Friday, 7 March 2025
Thursday, 6 March 2025
Мојот звук- изборна лектира во 7 одделение
Денес, 6.3.2025 библиотекарката во нашето училиште одржа работилница со 7-2 на која учениците се запознаа со изборната лектира Мојот звук од Оливера Николова. Седмоодделенците покажаа голем интерес за следното четиво и се идентификуваа со вонвременската приказна на тинејџерот Панче.
Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Панче, авторката го следи животниот пат на младиот Панче од Гевгелија кој го бара и наоѓа „својот звук“. Тој на потешкиот начин успева да го открие својот звук, звукот на Лиле, звукот на татка си, на Ване, на сите околу него, затоа што сè на светот има звук, но некој не може да се слушне. Така и Панче смета дека неговиот звук е сè уште нечуен, па затоа е во потрага по себе си и својот звук. Книгата е напишана со лесен и ненаметлив стил, едноставен за следење на дејството/дејствата, близок до младите од сите времиња. Иако напишан во 1977, романот звучи современо и интересно, што е одлика на безвременско квалитетно четиво кое може да го задржи вниманието на младиот читател.
Tuesday, 4 March 2025
Резултати од општински натпревар по природни науки
На ден 28.2.2025 година се одржа општински натпревар по природни науки. Резултатите од постигнувањата се следниве:
4 одделение
2 место -Ива Трпчевска
3 место - Кирил Блажевски
Пофалница - Димитар Ѓорѓиевски
Ментор : Тања Петков
Марта Тошевска - 3 место
Антонија Спасовска - 3 место
Софија Димеска - учество
Ментор:Лиле Велјановска
5 одделение
Јован Стоилковски - 3 место
Никола Димоски - 3 место
Ментор: Марјан Кузманоски
6 одделение
Кристијан Јовевски - 2 место
Филип Димески - 2 место
Петар Мицевски - 2 место
Дарија Јаковчевска - 3 место
Никола Душановски- 3 место
Ментор : Билјана Илиева
Сите ученици продолжуваат на регионален натпревар. Им посакуваме среќа понатаму!
Читател на месеците јануари и февруари
Овој пат, избираме читател на месеците јануари и февруари. Тоа е Михаил Трајкоски од 3-1 одделение, кој во овие два месеци има позајмено и прочитано најмногу книги. Честитки за младиот читател.
Sunday, 2 March 2025
ПРВОТО МЕСТО ЗА ИНОВАТИВЕН ПРОЕКТ на VII First Lego league challenge ®️
Корали – Чудата на подводниот свет
01 Секој корал се состои од мал организам наречен полип, кој има цилиндрично тело со отвор опкружен со пипала.
02 Полипите живеат во колонии и лачат калциум карбонат, со што создаваат цврсти структури– корални гребени.
03 Најчесто живеат во симбиозасо микроскопски алги (зооксантели), кои им ја определуваат нивната боја.
04 Откако животното ќе умре, неговиот скелет останува во водата и така се создадени коралните гребени.
Живеалиште и распространетост
Коралите живеат во топлите и плитки мориња, најчесто во тропските предели. Најголемата и најпознатата корална формација на светот е Големиот корален гребен во Австралија, кој се простира на повеќе од 2.300 километри и е еден од најбогатите морски екосистеми.
Коралните гребени се загрозени од повеќе фактори:
•Глобалното затоплување– покачувањето на температурата на океаните предизвикува „избелување“ на коралите, при што тие ги губат зооксантелите и умираат. (избелување значи дека нивната боја се губи затоа што се уништени алгите)
•Загадување–хемиските материи и пластичниот отпад во морињата ги оштетуваат коралите. •Киселоста на океаните–поради зголемената количина на јаглерод диоксид во атмосферата, океаните стануваат покисели, што го спречува формирањето на варовничките структури. •Прекумерен риболови физичко оштетување–неконтролираните рибарски активности и уништувањето на гребените од сидра, нуркачи или градежни проекти влијаат врз нивната стабилност.
Зошто се важни коралите?
1. Живеалиште за морски организми
Коралните гребени се дом за повеќе од 25% од морските видови, кои живеат во крајбрежјето на топлите мориња. Тие обезбедуваат засолниште, храна и места за размножување на риби, ракови, морски ежови и многу други организми.
2. Заштита на крајбрежјата
Коралните гребени ја намалуваат силата на брановите и плимата, штитејќи ги крајбрежните заедници од бури, поплави и ерозија. Без нив, многу острови и крајбрежни области би биле сериозно загрозени од екстремни временски услови.
3. Извор на храна и економска поддршка
Коралните екосистеми се клучни за рибарството, бидејќи многу видови риби и морски плодови зависат од нив. Овие риби се основен извор на храна за милиони луѓе ширум светот. Покрај тоа, екотуризмот(нуркање, истражување на корали) носи големи приходи за локалните економии.
4. Климатски регулатори и складирање на јаглерод
Коралните гребени играат улога во одржувањето на рамнотежата на јаглеродот во океаните, помагајќи во апсорпцијата на CO₂ и спречувајќи прекумерна киселост на водата затоа што го користат CO₂ за да го создадат калциум карбонатот од кој го прават скелетот.
5. Медицински потенцијал
Некои соединенија што се наоѓаат во коралите имаат медицинска вредност. Научниците ги проучуваат за создавање нови лекови против рак, воспаленија, бактериски инфекции и други болести...
Без коралите, морскиот екосистем би бил сериозно нарушен, што би имало огромно влијание врз луѓето, економијата и глобалниот еколошки баланс. Затоа, нивната заштита е клучна за иднината на океаните и на целата планета
Елаборат за сонда "Blue Ocean Guardian" „Чувар на синиот океан“
Во овој елаборат се опишува дизајнот и функционирањето на иновативна сонда која ќе користи Micro:bit микроконтролер со pH сензор за мерење на pH вредноста на водената средина. Доколку pH падне од 8,1 на 7,8, сондата ќе активира механизам за ослободување на минерал железо (Fe) во водата, со цел да помогне во неутрализирање на киселоста.
Дизајн на сондата
Облик: Елипсовидна или сферична
Димензии: Приближно 6 cm должина и 3 cm ширина.
Материјал: Изработена од водоотпорна пластика (ABS или PETG), со мали отвори за навлегување на вода за мерење на pH.
Компоненти: Micro:bit микроконтролер – за обработка на податоците од pH сензорот. pH сензор – за мерење на киселоста/базноста на водата. Механизам за ослободување на железо – мала комора со растворлив минерал железо (Fe), кој ќе се ослободува преку мала електромагнетна клапна и растворлив филм. Батерија (3V – 9V) – за напојување на Micro:bit и сензорот.
Целта на оваа сонда е да обезбеди автоматско следење и стабилизирање на pH вредноста во водните екосистеми, како што се аквариуми, езера или морски средини, каде што pH може да се намали поради загадување, зголемена количина на CO₂ или други фактори.
Со постојано мерење на рН се следи киселоста на водата. Ако киселоста се намали се уништува фитопланктонот ( мали микроскопски алги кои живеат на површината на водата) Тие се многу важни и ако исчезнат заради киселоста на океаните, нема кој да врши фотосинтеза и да ја збогатува морската вода со кислород.
Истражувањата покажуваат дека за добар развиток на фитопланктонот потребно е минерал железо. Сондата ќе мери рН и ако таа е под 7,8, автоматски се истура железо во водата кое ќе поттикне размножување на фитопланктонот, а со тоа и негово зголемување.
Сондата постојано ја анализира pH вредноста на водата. Ако pH е поголемо од 8,1, системот не реагира. Ако pH падне на 7,8 или пониско, Micro:bit активира сигнал за ослободување на железо. Клапната се отвора и малку железо се раствора во водата, што помага во регулирање на pH. Сондата продолжува со мерење за да се избегне прекумерно ослободување на железо.
✔ Автоматско регулирање на pH без човечка интервенција. ✔ Еколошки безбеден начин за стабилизирање на водните екосистеми. ✔ Може да се користи во аквариуми, езера, базени и индустриски резервоари.
Оваа сонда претставува ефективно решение за следење и стабилизирање на pH во водените средини, комбинирајќи Micro:bit технологија, сензори и природни минерали. Со нејзината примена, може да се заштитат водните организми и да се спречи штетното влијание на киселите услови. 🚀 Оваа иновативна сонда може да биде значаен чекор кон автоматизирана заштита на животната средина!
Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ ООУ Св. Климент Охридски Драчево
Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ во ООУ Св. Климент Охридски Драчево Благодар...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Секоја генерација е уникатна. Оваа е уште поинтересна. Комисијата имаше тешка задача да ги бодира достигнувањата на седуммината кои конкур...
-
Со дипломи и награди денес во свечената сала во Општина Кисела вода беа наградени тројца ученици од нашето училиште по повод 21 Февруари- Де...