Денес 31.10.2022, II1 и II 2 ги искористија убавото време и беа на посета на блиската околина. Часовите беа реализирани на отворено на местото Три Круши.
Денес 31.10.2022, II1 и II 2 ги искористија убавото време и беа на посета на блиската околина. Часовите беа реализирани на отворено на местото Три Круши.
На 26.10.2022 учениците од предметна настава организирано го посетија киното Милениум и таму го гледаа филмот Брат ми брка диносауруси.
Филмот има награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.
режија: Stefano Cipani
улоги: Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma, Francesco Gheghi
премиера: 10.7.2021
времетраење: 101′
земја: Италија, Шпанија
жанр: Комедија, семеен
Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.
На 28.10.2022 петтодделенците од ООУ. Св. Климент Охридски го посетија Музејот на македонската револуционерна борба каде се запознаа со различните периоди на борбата на нашите револуционери низ историјата. Потоа се упатија кон спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на градот. Посетата продолжи и во експозитура на банката НЛБ каде се запознаа со банкарското работење.
Истражување на хранливи материи преку експерименти На часовите по биологија секогаш е интересно кога се изведуваат експерименти. Работа во ...