Thursday, 26 June 2025

Летен камп- Проекти Мировен корпус и Еразмус

На 26.6.2024 по традиција се одржа летниот камп на Пеленица во организација на Еразмус проектот и Мировниот корпус. Присутни беа 6 ученици од 5, 6 и 7 одделение кои се забавуваа играјќи социјални игри и спортски игри на големиот тревник. 
Одговорни наставници беа: Д.А. Гулабоски, Александар Ѓеорѓиевски, Даниел Болцој, а поддршка им беше и библиотекарката Наташа Старделова.
























 

Tuesday, 24 June 2025

Летен камп на проектот „Градење доверба – Превенција од насилен екстремизам и врсничко насилство“

 Во рамките на проектот „Градење доверба – Превенција од насилен екстремизам и врсничко насилство“, покрај бројните работилници кои се реализираа во текот на учебната година, 11 ученици од нашето училиште имаат привилегија да учествуваат и на летен камп кој се одржува во Струга, од 22 до 28 јуни.

Заедно со свои врсници од уште пет училишта, учениците, во придружба на наставничката по биологија Биљана Илиева и педагогот Елена Петрушевска, активно се вклучени во разновидни дневни активности: утринска гимнастика, едукативни и интерактивни работилници, друштвени игри и спортски натпревари. Секако, летниот камп не би бил комплетен без уживањето на плажа и веселите вечерни забави кои креираат спомени за цел живот. Искажуваме голема благодарност до Центарот за толеранција и доживотно учење за можноста да бидеме дел од овој значаен и инспиративен проект кој гради вредности, пријателства и доверба.


























Новиот 6.број на весникот Наш збор

Новиот број на весникот Наш збор 



Wednesday, 18 June 2025

Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите

 Денес, 18.6.2025 се одржа стручна работилница на тема „Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“ во нашето училиште „Св Климент Охридски“. Проектот ги обедини скоро сите библиотекари од градовите од секој дел од Македонија, кои со нетрпение ги очекуваат ваквите случувања за да се унапреди библиотекарската дејност.  Предавач на обуката во Скопје беше Маја Трајковиќ- библиотекар во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, а секој библиотекар доби примерок од прирачникот на др. Лили Бошевска, која во исто време држеше обука за библиотекарите на истава тема во својата Битола. Проектот е поддржан од Министерство за туризам и култура и претставува значаен настан за професионалното изградување на училишните библиотекари. 

На обуката преку интерактивни вежби се дискутираше за важноста на библиотеката и библиотекарите за учениците и создавањето на читачки навики кај младата популација во ова брзо и динамично доба. Се споделија добри практики, но се дискутираше и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваме секојдневно. 

 Претставник од училиштето домаќин беше библиотекарката Наташа Старделова.

 



























Летен камп- Проекти Мировен корпус и Еразмус

На 26.6.2024 по традиција се одржа летниот камп на Пеленица во организација на Еразмус проектот и Мировниот корпус. Присутни беа 6 ученици о...