Friday, 31 January 2025

Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за 6 одд

 Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик за 6 одд.

1.Петар Мицевски-VI-2 одд.

 90 поени

2.Неда Марковска VI-2одд. 86 поени

3.Павел Тошевски VI-2одд. 84 поени

4.Филип Димески VI-1 одд. 73 поени

5.Лара Ѓорѓиевска VI-2одд.62 поени

6.Даријан Левковски VI-2одд. 62 поени

Прва награда и за Доротеа Стојановска

 


На меѓународниот натпревар  за пишување поезија на слободна тема Доротеа Стојановска од 7-1 освои престижна прва награда. Натпреварот е во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација. Честитки,  Доротеа!

Прва награда за Никола Деспотовски за неговата Зимска Бајка

 На меѓународен натпревар  за пишување поезија на слободна тема Никола Деспотовски од 4-2 освои престижна прва награда. Натпреварот е во организација на Милица Паулус и Светската поетска асоцијација. Честитки,  Никола, многу награди ти посакуваме и во иднина!


                                                                      Зимска бајка

Кога зимата пристигнува,

секое дете се восхитува,

со радост и смеа ја дочекува

Снешко бел на секоја улица нè пречекува.

 

Со другарчињата летаме со санки

Искачени на големиот брег,

 со снежни топки во нашите дланки

 сите се радуваме на овој снег.

 

Дома пристигнати уморни, но среќни,

 сите раскажуваме за денот

поминат на нашата мајка,

кој е само еден дел од нашата зимска бајка.

 

Празници исполнети со подароци,

 целото семејство на маса собрани,

секој од нас се смее,

Додека божиќна песна се пее.

 

 Никола Деспотовски 4-2

 ООУ. Св „Климент Охридски“- с. Драчево

 



Правење пица на час по лектира

Правиме пици на часот по македонски јазик 🤔 Хмм... Можеби звучи чудно, но и на часот по македонски јазик може да се направи пица. Сигурно се прашувате како? Учениците од 6-1 и 6-2 одд. лектирата ,,Робинзон Крусо" ја анализираа преку техниката пица. Како изгледаа нашите вкусни пици погледнете во продолжение. Наставник: Виолета Трпевска















Thursday, 23 January 2025

Нов полугодишен број на весникот Наш збор


Изготвено е новото издание на петтиот број на весникот Наш збор со новиот редакциски одбор од редовите на учениците. Повелете прочитајте. 

Линк до весникот.https://read.bookcreator.com/0sBaXcYnqtRWiTFtB7sMTeQMW1C3/uAuglxwbTWKLGzAaIkTWdA

Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ ООУ Св. Климент Охридски Драчево

  Показна вежба „Евакуација на ученици и персонал за време на пожар и други природни непогоди“ во ООУ Св. Климент Охридски Драчево Благодар...