Tuesday, 3 March 2026

,,Star for life"- почеток на проектот

 Денес, нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево беше посетено од  градоначалничката на Општина Кисела Вода , Бети Стаменкоска Трајкоска и заедно со шведскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Ола Сулстром го отпочнаа новиот проект ,,Star for life". Посетата се реализира како продолжение на активностите од неодамна потпишаниот трипартитен меморандум за имплементација на проектот „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство.

Нашето училиште беше домаќин и на донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и од Обединетата Македонска Дијаспора. Присуството на шведскиот амбасадор и останатите гости, имаше за цел директно запознавање со училишниот колектив и капацитетите на установата, како и реафирмирање на заедничката посветеност кон успешна реализација на проектот. Оваа посета претставува значаен чекор во продлабочувањето на соработката и е недвосмислена потврда на меѓународната поддршка за градење поздрава училишна средина. Истовремено, меѓународните тимови кои неделава престојуваат во Скопје, ги започнуваат процесите за формирање и обука на македонскиот тим кој директно ќе работи со наставниците и учениците од четврто, петто и шесто одделение на препознавање и спречување на ризични ситуации.


-Присуството на шведскиот амбасадор, Н.Е. Ола Сулстром, донаторите на проектот Антонијо Трпевски и Пирко Трпевски, претставниците од тимовите на „Star for Life“ и „Motivation Lift“, како и од Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во нашето училиште е извонредно значаен настан за Општина Кисела Вода. Оваа посета ја потврдува сериозноста и посветеноста со која пристапуваме кон искоренувањето на врсничкото насилство. ,,Нашата визија за модерно образование подразбира паралелно вложување. Воведувањето светски програми за превенција и искуството што ни го пренесуваат нашите шведски пријатели е клучно за нашата стратешка цел: здрави генерации кои ќе растат во средина на меѓусебна почит, безбедност и толеранција"- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.


























Monday, 2 March 2026

Мартинки за среќен март

 Во месец март со учениците од I-1 одд. изработувавме мартинки. Со црвен и бел конец плетевме мали украси и нараквици. Црвената боја ја симболизира љубовта и здравјето, а белата – чистотата и среќата.

Додека ги правевме мартинките, се дружевме и се смеевме. На крај си ги подаривме еден на друг и си посакавме убав и сончев март. Одделенски наставник: Ана Костовска








,,Star for life"- почеток на проектот

 Денес, нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево беше посетено од  градоначалничката на Општина Кисела Вода , Бети Стаменкоска Трајкоска...