Saturday, 24 January 2026

Архитектура од најмала возраст

 Петтоодделенците од нашето училиште ги бива за сè. На часот по техничко образование кај наставничката Валентина Терзиева се твори на најнеобичен начин. Од старите списанија и весници се градат куќи и се обликуваат урбанистички планови. Погледнете!





































Thursday, 22 January 2026

Резултати од конкурсот „ Новогодишна магија“

 Жири комисијата во состав Наташа Старделова- библиотекар, Елена Симоновска- директор, Цветана Зафировска- специјален едукатор и рехабилитатор, Деана Радевска и Мелани Перовска- ученички од 9-2 одделение, како претставници од учениците,  ги разгледа сите 21 пристигнати рачно изработени книги и ги рангираа по следниов редослед:

Две први престижни награди за

Тифани Михајловска - Ученичка во ООУ„Васил Главинов“ од Велес за нејзината книга „Пердуви во ветрот“.

и Валентина Терзиева - Наставник по ТО и информатика за книгата „Двете елки“

Три први награди за креативната приказна и изработка:

 „ Снежната ѕвезда“- на Јана Јаневска од 7-1 одделение 

„ Магијата на Стич“ - на Наталија Ивановска 4-2 одделение за 

„ Дедо Мраз, каде си?“ - на Бисера Димоска од 3-2 одделение 

Четири втори награди за креативност, поетичност и техничка изработка:

„Божиќно помирување од 1914“- на Андреј Велјановски 7-1 одделение

„ Спомени од зимскиот распуст“- Јана Стојмановска 6-1 одделение

„Зимската магија“ на Илина Димковски 4-1 одделение

 „ Божиќна магија“- на Калина Димишковска 6-1 одделение

Три трети награди за креативноста и изработката:

„Зимски песни“- Рафаела Рафаиловска 4-1 одделение

„Божиќната желба на Марко“- Леонид Стојанов 4-2 одделение

„Кико и неговото куче Тото“- Теодор Додевски 3-1 одделение

За сите останати пристигнати творби ќе има пофалници за учество и симболични награди. 

Благодарност за учеството за Дора Арсова од 4-2, Јована Цветковска од 4-1, Дамјан Василевски 4-2, Василија Ѓорѓиевска 4-2, Ана Ѓорѓиевска 4-2, Марија Василевска 5-1, Анастасија Секуловска 3-2, Николина Секуловска 3-2 и Гала Блажевска 4-1 одделение.  

Изложба и читање на книгите ќе се одржи во текот на месецот февруари на поетска средба на учениците со автор на детски книги. Честитки на сите автори, ова нека биде првиот чекор кон вашето литературно творење. 













Од печат излезе новиот полугодишен број на весникот „Наш збор“

Седмиот број на весникот Наш збор  https://www.canva.com/design/DAG6cBZGmIw/o4Kcgs47huDrtasbgtizEg/view?utm_content=DAG6cBZGmIw&utm_camp...