Со 6-1, млади сили.Поставивме знаци за забрането пушење и забрана за движење со моторни возила низ училишен двор како и блокирање на влезот со автомобили.Се надеваме дека родителите ќе не разберат што сакаме да постигнеме и ќе ги почитуваат овие пораки.
Tuesday, 30 September 2025
7. ЕдуКонференција за наставници и ИТ експерти во Струга.
Во периодот од 27.9 до 28.9.2025 година, се одржа Седмата ЕдуКонференција за наставници и ИТ експерти во Струга.
#EduConference25 ни донесе два дена исполнети со знаење, инспирација и нови идеи.
Настан кој ја спојува традицијата и иднината на образованието - на едно место.
![]()
![]()
Инспиративни излагања за тоа како да ја ракуваме вештачката интелигенција на прав начин.
Живееме во време на технолошки напредок.
ВИ е паметна алатка која овозможува поефикасна, поперсонализирана и поинтересна настава.
Наставникот е срцето во едукацијата кој учи не само да се знае, туку и како да се мисли.
Благодарност до организаторите на Едуконференција Friends of Education
Thursday, 25 September 2025
Работилница ,,Магијата на боите преку детските раце"
3-2 одд. Наставник: Симона Ѓорѓиевска
Магијата на боите преку детски раце
Со помош на обоени дланки, децата ја истражуваат играта на бои. Преку мешање на две различни бои тие создаваат нови нијанси и откриваат како од основните бои настануваат секундарните. Оваа креативна работилница не само што ја развива нивната љубопитност и имагинација, туку и ја поттикнува соработката, радоста и чувството на задоволство.
Wednesday, 24 September 2025
„Примена и креирање на видео содржини во наставни цели”
На 24.09.2025 година во НУ Кинотека на Македонија се оддржа еднодневна обука за проектот “И Акција…” (And Action…) реализиран од програмата Еразмус Плус на тема „Примена и креирање на видео содржини во наставни цели”. Претставници од нашето училиште беа наставничката по математика Марија Лозаноска, наставничката по биологија Биљана Илиева, наставничката по македонски јазик Наташа Станојевска и наставникот по историја Филип Ускоков.
На обуката беше презентирана онлајн платформата andactionproject.eu каде наставниците можат да добијат насоки за создавање видео содржини и да проследат бесплатни сертифицирани курсеви.Tuesday, 23 September 2025
Be active
По повод "Европската недела на мобилност" со учениците од Св. Климент Охридски Драчево реализиравме пешачење до Пеленица
„Роботска рака“
Стем активности-скелет
„Роботска рака“ III2 одделение наставници: Татјана Каранфиловска и Симона ЃеорѓиевскаЛитературно читање по повод затворањето на Месецот на книгата
Денес, 14 ноември, во училницата на 5-2 одделение беше свечено. Ја претворивме училницата во мала сцена каде со тивка музика, поезија...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
ООУ„Св. Климент Охридски“- с.Драчево (google.com) За сите организациски информации за нашето училиште, пристапете на новата веб-страница ...
-
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025...












