Friday, 29 September 2023

Од есенски лист до уметничко дело

 Уметнички дела на III 2 одд.











Ликовно образование.

Подлоги, средства, техники и материјали за цртање..🎨🖍🖍🖍

Еколошко возило

 Рециклирај и направи сам ,,Еколошко возило,, Активности во 5-1 и 5-2 одд по повод ,,Недела без возила,,


















,,Уметност од хартија - оригами."













 Поттикнување на креативноста, развивање на вештините за превиткување хартија и конструктивно размислување, се дел од компетенциите кои  учениците од 5-2 одделение, со голема љубов и посветеност на часовите ги стекнуваат во рамките на слободниот изборен предмет ,,Уметност од хартија - оригами." Одд. раководител Јасмина Лакинска 😺🦊🦔🍀🐟🐬🐙🐌🍭

Награди на ,,Жуборења на Радика"

 



📣Убава вест за крајот на неделата 📣

📝 На литературниот конкурс ,,ЖУБОРЕЊА ОД РАДИКА", организиран од Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај - РЕКАНСКИ ПОРОИ, нашите ученички освоија:

🥇место- Дафина Здравковска 9-1 одд.

🥈место- Мила Василевска 8-2 одд.

за своите творби Мојата татковина и Татковино наша.  

👩‍🏫 Ментор: Виолета Трпевска

Вкусни животни вештини

 На часовите по Вештини за живеење секогаш е интересно, а верувајте ни и вкусно. На 29.09.2023 година, одделението 8-2 со одговорната наставничка Валентина Варелова, по исцрпните подготовки и учење теорија, одлучи теоријата да премине во пракса. И секако, излегоа превкусни палачинки. За вкусот прашајте не', а мирисот го сети целото училиште. 

Погледнете ја галеријата со фотографиите.















Европски ден на училишниот спорт






 По повод Европскиот ден на училишниот спорт, на 29.9.2023 Спортско-рекреативната секција во нашето училиште ја изведе пешачката тура до месноста Пеленица. 45 ученици од 6, 7 и 8 одделение ја започнаа турата рано утрината и под водство на одговорниот наставник Александар Ѓеорѓиевски се упатија кон пешачката патека преку ридовите. На Пеленица рекреативно се одиграа повеќе натпревари во фудбал. 
За оваа наша активност покрај прекрасно поминат ден во природа нашето училиште се здоби и со сертификат за учество во акцијата.
 Изморени, на задоволни од денешното одбележување на денот, се упативме кон своите домови во пладневните часови. 

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...