Thursday, 23 February 2023

Посета на новото игралиште

 










Денес, 23.2.2023, учениците од 4-1, 4-2 и 5-3 одделение беа во посета на новото фудбалско игралиште во нашата околина и таму на отворено ги одржаа своите часови по физичко и здравствено образование.☘️🍀☘️🤸🏃🚶🤾

Меѓународен симпозиум за медиумска и информациска писменост








 

На 23.02.2023 се одржа меѓународен симпозиум „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“ посветен на тоа како медиумската и информациската писменост може да им помогне на младите да стекнат доверба во медиумите, но и да научат да користат нови медиумски алатки за да влијаат на позитивните општествени промени.

Говорниците (академици, млади активисти, експерти во областа, и истражувачи од САД, ЕУ и Западен Балкан) ги истакнаа различните пристапи за проучување на клучните прашања за медиумската писменост, образованието за медиумска писменост во дигиталната ера, како и улогата на медиумската писменост. Претставник од нашето училиште беше В. Трајкоска.

Wednesday, 22 February 2023

Тркалезна маса- Инклузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост

 



На 21.02.2023 ЦМА Крик како проектна активност на иновативната иницијатива „Што е (не)сработено?“ поддржана од Support to Electoral Reforms реализираше тркалезна маса на тема „Инлузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“. Настанот се одржа во просториите на општина Кисела Вода и истиот беше реализиран со нивна поддршка. 


Дефектолозите и психолозите од 6 основни училишта во општина Кисела Вода заедно со претставници на невладините организации Крик и Леад, советниците на општина Кисела Вода и лица со попреченост беа дел од тркалезната маса на која имаа можност да ги споделат предизвици и да покренат дискусија за она со што се соочуваат при образовниот процес на лицата со попреченост, секој од својот аспект на делување.


*Активностите се  спроведуваат во  рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на  Владата на  Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини не  мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

Претставници од нашето училиште беа психологот Ивана Јаневска и дефектологот Цветана Зафировска.

„Обуката за искуствено учење за животната средина и климатски промени за наставниците “по природни науки

 На ден 22.02.2023 год. се одржа прв дел од "Обуката за искуствено учење за животната средина и климатски промени за наставниците по природни науки '.

📌На обуката учествуваа наставници од ООУ" Круме Кепески", Кисела Вода, ООУ" Рајко Жинзифов", " Кузман Шапкарев " н. Драчево, " Марко Цепенков" с. Зелениково и од нашето училиште "Св. Климент Охридски" с. Драчево. Обуката ја реализираше обучен наставник Биљана Илиева.
🧪Учесниците на обуката спроведоа повеќе експерименти кои ќе ги имплементираат во наставата по природните науки. 📍Обуката е поддржана од #Unicef, #REC и БРО.









Недела на информатиката

 

На 07.02.2023год. , вторник,   во Основното училиште „Св.Климент Охридски“- с.Драчево,Кисела Вода Скопје, учениците од VI и VII одд. по повод недела на Информатиката, под менторство на  наставничката по информатика Бојана Мушкарска го одбележаа Светскиот ден „Безбедно на Интернет“.

          Со ученици од седмо и шесто одделение се разговараше како правилно да се однесуваат на Интернет, со читање и дискусија на прашањата дадени во презентацијата.

Учениците од седмо одделение го решаваа квизот од Kahoot и го кодираа своето име со помош на бинарни броеви.Додека пак покрај учениците од седмо и со учениците од шесто одделени го  гледавме и коментиравме видеото со наслов-Онлине грабливци : Опасна средба на You Tube.

 Учениците од 6то и 7мо одделение пројавија особен интерес за QR предизвикот: се трудеа да ги откријат кодираните прашања кои ги добија испечатени на лист. Прашањата беа во вид на QR кодови. Учениците работеа во мали групи, при што до израз дојде натпреварувачкиот дух помеѓу учениците и групите. Исто така голем интерес за учениците беше и Feeling барометарот каде што и самите даваа предлози за пораки кои ги повредиле и пореаки кои ги добиваат секојдневно од двоите соученици,за некои навредливи за некои не.

Учениците од 6то одделение ги проследија и презентациите „Моќта на фотографијата“, при што се разви продуктивна дискусија и учениците јасно ги разбраа пораките од презентациите.Додека пак учениците од 7мо одделение како задача за време на часот добија задача да изработат приказна,анимација или игра во визуелниот програмски јазик Скреч што за нив претставуваше многу интересен предизвик и се разви натпреварувачкиот дух меѓу учениците.

Tuesday, 21 February 2023

Јазикот е нашата татковина- 1-2 одделение го одбележува Денот на мајчиниот јазик


















 Во 1-2 одделение е секогаш забавно. Учиме за буквите и зборовите на мајчиниот македонски јазик. Радост е да се создаде збор. Љубов е да се роди тој во игра. Желба е да се научи секојдневно нешто ново. Прекрасно видео на првачињата и нивната наставничка Александра Митровска.



Изборен предмет „Оригами“ во 5-2 одделение

 Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. Зборот оригами, потекнува од ору што значи виткање и гами што значи хартија. Квадратната хартија вообичаено има површина од 15 cm x 15 cm и постои во разни бои или јапонски дизајни.

Активности од изборен предмет ,,Оригамии,,  Креативни како и секогаш учениците од   V2 одд.


















„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...