Од 20 до 24 април 2026 година се одржа последната мобилност од Еразмус проектот,,Game for Sel" во Лиенц, Австрија. На мобилноста од нашето училиште беа координаторот на проектот, Тања Петков, менторот во нашето училиште Биљана Илиева и наставниците Александар Ѓеорѓиевски и Марија Лозаноска. Секој ден имаше претставување на секоја земја на учениците во училиштето во Австрија. Нашето училиште ја претстави нашата земја од владеење на Александар Македонски до денес. Ги запозна учениците со ликот на Тоше Проевски и Горан Пандев. Беа претставени нашите традиционални јадења, а децата имаа можност да пробаат ,,Македонски ајвар". Исто така, беше направена и работилница за денот на Земјата, која беше многу интересна за учениците.



















No comments:
Post a Comment