
Во рамки на проектот Cutting Carbon, учиме преку практика и садиме за поодржлива иднина!

Реализирана е едукативна работилница за садење со учениците од второ одделение од ООУ „Св.Климент Охридски"


Преку практична работа, учениците имаа можност да научат повеќе за растенијата, нивниот раст и значењето на одржливите практики.

Засадивме дрво албиција во две различни саксии:

една со обична почва

една со почва измешана со био-јаглен
Целта е да се спореди нивниот развој и да се согледаат придобивките од употребата на био-јаглен во садењето.

Учениците ќе го следат растот на растенијата преку дневник, кој ќе послужи како алатка за набљудување, учење и анализа.

Со оваа активност ги поттикнуваме децата кон истражување, критичко размислување и грижа за животната средина.

Малите чекори денес, создаваат големи промени утре!
No comments:
Post a Comment