По повод Денот на мајчиниот јазик, 21 Февруари, денес во Домот на културата ,,Билјана Беличанец" беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на конкурсот распишан од Секторот за образование и предучилишно воспитание, култура и спорт на Општина Кисела Вода на тема:,,Македонскиот јазик клокоти се лее, секој мајчин збор душа грее" . Наградени од нашето училиште се Василиј Ѓорѓиевски од 4-1 одд. со прва награда за својата поетска творба под менторство на наставничката Е. Симоновска и Мила Цветковска од 5-2 одд. со трета награда за својата ликовна творба под менторство на наставничката Ј. Лакинска.
No comments:
Post a Comment