Wednesday, 21 February 2024

Конференција „Сите во акција за справување со врсничкото насилство“




На 21.02.2024 година во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје беше одржана конференција „Сите во акција за справување со врсничкото насилство“.  

Конференцијата е завршен настан на проектот „Сите во акција за безбедни училишта“ - поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна

Македонија“ што се финансира од ЕУ, реализиран од Здружение на граѓани

РУБИКОН Скопје.

Учесниците на конференцијата  имаа можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за фактичката состојба, превенција, препознавање и справување со различни форми на врсничко насилство.

Покрај тоа, на конференцијата  беа споделени и искуствата на претставниците на вклучените институции што беа дел од проектните активности.

Претставник од ООУ„Св. Климент Охридски“ беше библиотекарката Наташа Старделова.

No comments:

Post a Comment