На 18.5.2023, четврток третачињата од нашето училиште - III-1 и III-2 одд, заедно со своите наставнички: Елена Симоновска и Билјана Петрушевска ја реализираа еднодневната екскурзија на Колешинските Водопади во Струмица. Попатно го посетија "Исарот" или Тврдината во Штип, како и црквата Св. Троица во Радовиш. Правејќи прекрасни попатни спомени низ игра и песна пристигнаа кај Колешинските Водопади во Струмица каде имаа мал одмор проткаен со живописни пејзажи од природата.
No comments:
Post a Comment