Погледнете го новиот број од нашиот весник:
Осмиот број на весникот „Наш збор“
На 17.6.2026 година нашите петтоодделенци се збогуваа со своите одделенски наставнички Тања Петков и Лиле Велјановска приготвувајќи свечена приредба која ја изведоа пред наставничките и родителите. Во срдечна и весела атмосфера тие ги изведоа своите точки и се заблагодарија за грижата и знаењето кое ќе го понесат во понатамошното школување. Имајте убав летен распуст, ученици. Се гледаме во шесто одделение.
Читател на месеците мај и јуни е Анастасија Ставревска од 4-1 одделение со најголем број на позајмени книги во овие месеци. Рекордер читател за учебната година 2025-26 е Јована Цветковска од 4-1 одделение. Честитки за упорноста и доследноста на двете ученички.
Денеска, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со најуспешните деветтоодделенци, првенците на генерација од сите осум основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општината.
Денес, 11.06.2026, е денот кога во училиштето се делат свидетелствата, наградите и пофалниците за деветтоодделенците. Во исто време беа прогласени и првенците на генерацијата 2017/26, а имаше и пофалници за континуиран одличен успех и високи постигнувања на учениците.
Овогодинешните првенци се Михаела Димитровска 9-1 и Матеј Димишковски 9-2, доплнително беа пофалени и 14 ученици со континуирано одличен успех во текот на целокупното нивно школување.
Свечениот чин започна со поделба на свидетелствата од страна на одделенските раководители на 9-1 и 9-2, Емилија Филипоска и Душица А. Гулабоски, прогласувањето на првенците и пофалените кои ги награди директорката Елена Симоновска, а на крај средбата заврши со песна, но и солзи за разделба од училишните клупи во основното училиште.
Им посакуваме сите да се запишат во посакуваните училишта и да бидат успешни и понатаму во школувањето.