▼
▼

Wednesday, 28 October 2026

„Училишни улици – од концепт до реализација: насоки, искуства и добри практики“

 








🚸 Од идеја до улици што им припаѓаат на децата! 🚲🏫


Како изгледаат училишните улици во пракса и што е потребно за нивно успешно воспоставување?


📍 Вчера, во Ресурсен центар Карпош, одржавме средба на тема „Училишни улици – од концепт до реализација: насоки, искуства и добри практики“, посветена на споделување искуства, практични решенија и можности за создавање побезбедна средина околу училиштата.


Преку презентации, примери од терен и интерактивна дискусија, заедно со наставници и други релевантни чинители разговаравме за:


🚶‍♀️ Иницијативите „Педибус“ и „Бицибус“;


🚦 Активностите „Ден без автомобили“ и „5 мисии за побезбедна училишна зона“;


📝 Практичните чекори за планирање, спроведување и евалуација на училишните улици;


🤝 Предизвиците, меѓуинституционалната соработка и следните чекори за нивна долгорочна одржливост.


Во рамки на средбата, го презентиравме и сумиравме проектот „Училишни улици“, кој се реализираше во изминатите две години. Се осврнавме на спроведените активности, стекнатите искуства и научените лекции, како и на можностите за продолжување на иницијативите за побезбедни и попристапни училишни зони.


💚 Голема благодарност до претставниците на сите основни училишта од Општина Карпош за присуството и активното учество, како и до претставниците на ООУ „Вера Јоциќ“, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Панајот Гиновски“, ООУ „Даме Груев“ – Ерџелија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино за споделените искуства и придонесот кон дискусијата.


🏡 Посебна благодарност до Ресурсен центар Карпош за отстапениот простор и поддршката во реализацијата на средбата.


Преку размена на знаења, искуства и добри практики, продолжуваме да придонесуваме кон создавање побезбедни улици и подобри услови за децата секојдневно да пешачат или да возат велосипед до училиште. 🚸🚴‍♀️


Затоа што безбедниот пат до училиште треба да биде стандард за секое дете!


#УчилишниУлици #БезбедниУлици #ОдржливаМобилност #АктивнаМобилност @topfans Св. Климент Охридски Драчево  ООУ Петар Поп Арсов

No comments:

Post a Comment