На 14.10.2026 година, во рамките на проектот "Безбедни училишни улици" Вело Училишта во соработка со ООУ "Св. Климент Охридски Драчево " ја реализираше првата мисија со учениците од 3-2 одд. „ОТКРИЈ ЈА НАШАТА БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА ЗОНА". 
Наставникот и активист во Вело училишта , Александар Ѓеорѓиевски во соработка со наставничката Јасмина Лакинска ги запознаа учениците со сообраќајните знаци и правила на улицата пред училиштето, а потоа ги разгледаа и информативните табли.


Потоа во училница учениците даваа свои предлози за побезбедна училишна зона.

На крај од оваа работилница, секој ученик го запиша своето име во колоната на постер, на начин на кој пристигнал денес во училиште.
No comments:
Post a Comment