Thursday, 24 September 2026

Состанок на Ученичкиот парламент и избор на раководство

 На 24.9.2026 во нашето училиште се состана Ученичкиот парламент и го избра своето раководство. 

Од сите присутни членови, претседатели на паралелките, со тајно гласање беа избрани Војдан Боцевски од 7-1, за претседател, Михаил Гулабоски 9-1, заменик, Андреј Велјановски, 9-1 за благајник. Ученички правобранител за учебната 2026-27 година е Никола Крковски од 9-2. Претставници за Наставнички совет и Училишен одбор се Мила Цветковска од 8-2 и  Елеонора Трајковска од 9-3. Воедно, Никола Крковски како ученички правобранител ќе биде член во тимот следење на програмата за пријавување на насилство во училиштето.  На дневен ред покрај точката  за избор на нов претседател, заменик благајник и ученички правобранител, беше и разгледување на правилата на однесување во училиштето, разговор за меѓусебно почитување, носење на училишните униформи, новиот Правилник за пофалби и казни како и информација за конкурсот за краток филм во соработка со Општина Кисела Вода. 

Исто така, на учениците им се обрати и библиотекарот на училиштето која ги извести учениците за состојбата на книжниот фонд и фондот на учебниците.

 Да му посакаме успешна работа на новиот состав на Ученичкиот парламент.

Одговорен наставник: Валентина Терзиева






Одговорен наставник: Валентина Терзиева

No comments:

Post a Comment