🌸📖 ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 📖🌸

ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 
На 26.09.2026 година во Ресен се одржа седмата поетска манифестација „Детски гласови 2026“, организирана од здружението Жар Преспа, исполнета со поезија, детска радост, творештво и дружење. 
Од нашето училиште учествуваа ученичките Мила Јаневска и Мила Станкоска од VII-1 одделение, под менторство на наставничката по македонски јазик Виолета Трпевска. 
За учеството, ученичките добија благодарници, а Мила Јаневска доби и пофалница од стручното жири. 
Во рамките на програмата беа реализирани:
14:00 часот – Дружење на авторите, учесниците и менторите во манастирот „Свети Никола“ во с. Јанковец, со книжевна работилница и промоција на сликовницата за деца „Ива и Џуле“, како и „Цветна штафета на мирот“ од Живко Поповски – Цветин. 
16:00 часот – Свечена манифестација во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, со промоција на стихозбирката „Детски гласови 2026“, литературно читање на песните, доделување збирки, пофалници и награди. 

Манифестацијата беше збогатена и со одбележување на седмиот роденден на Здружението „ЖАР ПРЕСПА“ – Ресен, со музички и танцови точки.

Горди сме на нашите млади поетски творци! 
No comments:
Post a Comment