Во текот на наставата во природа од 4-8 април 2026 г. со учениците од 5 одделение, успешно беа реализирани едукативни посети на повеќе културно-историски и природни знаменитости во нашата земја.
Учениците имаа можност да ги посетат и разгледаат градот Тетово и познатата Шарена џамија, како и манастирот Св. Јован Бигорски. Беше реализирано и панорамско разгледување на кањонот на реката Радика и Дебарско Езеро.
Во Струга, учениците го посетија Природно-научен музеј „Д-р Никола Незлобински“, Куќа на Миладиновци и Вевчански извори.
Во Охрид беа посетени повеќе значајни локалитети: Старата чаршија, Универзитетот Свети Климент Охридски- Плаошник, Самоилова тврдина, Антички театар - Охрид, Св. Софија, како и Заливот на коските.
Посетата продолжи во Крушево, каде што учениците ги посетија Мечкин Камен, Музејот на Тоше Проески, Македониум.
Преку оваа настава во природа, учениците ги проширија своите знаења, развија интерес за културното наследство и природните убавини и стекнаа нови искуства преку непосредно учење.
Одговорни наставници: Лиле Велјановска и Тања Петков
No comments:
Post a Comment