Денес во нашето училиште се организираа повеќе активности со велосипеди(маневрирање со велосипед,возење по права линија со одржување на баланс,показни знаци со раце при вртење лево,десно и стопирање,импровизација при стопирање пред пешачки премин и сл.). Активностите се дел од Еразмус+ проектот „Училишни Улици“, во кој Вело Училишта е партнер организација,а нашето училиште е активен учесник.На активностите беа присутни и нашите партнери од проектот (Белгија,Романија и Унгарија) кои беа презадоволни од приемот и презентацијата на активностите,како и нашите заложби за поставување на ,,раскрилен"пешачки премин,со што би се зголемило безбедното пристигнување на учениците во училиште.








No comments:
Post a Comment