Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и е посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Викикампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.Членовите на Вики клубот ,,Климент", Мила Филоповска и Калина Боцевска зедоа активно учество. На кампот според програмата учесниците следеа предавања на темата и имаа уредувачки активности на Википедија на македонски јазик, а резултатот беа 243 новонапишани статии.
Sunday, 7 December 2025
Thursday, 4 December 2025
Прослава на патрониот празник
Пред
многу векови, во срцето на Охрид, живеел човек со големо срце и уште поголема
љубов кон знаењето.
Неговото име е врежано во времето – Свети Климент Охридски.
Од
тогаш до денес, поминаа многу години, но неговиот дух живее – во секоја книга,
во секоја училница, во секој ученик што сака да учи.
И
така, 101 година нашето училиште ја раскажува својата приказна –
приказната на Климент, на знаењето и на љубовта.
Св. Климент беше учител и ученик
на светлината.
Во времето кога зборот беше сила, веруваше дека секој човек може да научи –
ако во срцето има љубов и во раката – книга.
Неговото училиште беше мало, но неговата вера – голема.
Сакаше да им покаже на луѓето дека знаењето не се
дава, туку се споделува.
А
денес..., денес гледам 101
приказна што продолжува таму каде што тој застана.
Гледам насмеани деца, ученици,
учители, спомени, остварени соништа.
























































































.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)


.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)

























































