Денес, 13.06.2025 е свечен ден во училиштето. Се доделуваат свидетелствата за деветто одделение и беа прогласени првенците на генерацијата 2016/25, а во исто време се доделија и пофалници за континуиран одличен успех и високи постигнувања на учениците.
Овогодинешните првенци се Теона Пецевска 9-1 и Матеа Стојановска 9-2, а имаше и 15 ученици со континуирано одличен успех во текот на целокупното нивно школување.
Свечениот чин започна со поделба на свидетелствата, прогласувањето на првенците, а на крај се заврши со песната која класниот раководител Александар ја напиша и отпеа за генерацијата.
Им посакуваме сите да се запишат во посакуваните училишта и да бидат успешни и понатаму во школувањето.
No comments:
Post a Comment