Кирил и Методиј
Минаа векови долги
и уште многу ќе минат,
Вашите имиња светли
никогаш нема да згинат.
Посветли ликови за нас
нема под небесниот свод,
азбука вие му дадовте
на целиот словенски род.
Вие солунски браќа,
учители наши први,
народот го учевте
со книга напред да врви.
И како сонце светло,
вечно од небо што сјае,
така сред родот словенски
делото ваше ќе трае.
No comments:
Post a Comment