Денес во посета во нашето училиште беше фолклорната група Empi et Riaume од Франција кои се во возвратна посета на КУД „Китка“. Тие ни ги покажаа нивните танци и носии, нè запознаа со нивната музика и инструменти, а на крајот заедно со нас ја изведоа Македонско девојче, па сите завршивме на сцената заедно играјќи и пеејќи. Атмосферата беше навистина опуштена, а нашите гости дополнително прошетаа и низ нашето стогодишно училиште.
No comments:
Post a Comment