Wednesday, 9 April 2025

„Проектирање на дигитални алатки за лица од ранливи категории и лица со попречености“

На  9 април (среда) во 11:00 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода се одржа трибината „Проектирање на дигитални алатки за лица од ранливи категории и лица со попречености“ на која се поставија бројни прашања меѓу кои и: Дали технологијата може да биде клучот за подобра достапност на сервисите и многу помалку потрошено време низ институциите?

Како можеме да создадеме инклузивни дигитални алатки што ќе ги олеснат услугите и сервисите за сите граѓани, без исклучок?

Панелисти: Стефан Кузмановски - експерт за пристапност на веб и дигитални алатки, Ендава | Кристијан Лазарев - експерт за пристапност на интернет и дигитални производи за лица со оштетен вид | Сашо Јовановски - советник за образование на градоначалникот на Општина Кисела Вода | Модератор: Гере Трипков - претседател и основач на Здружение Икуалити



No comments:

Post a Comment