Tuesday, 29 April 2025

Дводневна екскурзија за учениците од шесто одделение


 

На 28 и 29 април се реализираше дводневна екскурзија за учениците од шесто одд.

Откако панорамски ја видовме долината на реката Вардар и Таорската Клисура, направивме пауза на езерото Младост. Потоа ја посетивме Спомен куќата на Кочо Рацин во Велес.

Се прошетавме низ археолошкиот локалитет Стоби, па потоа заминавме за Струмица. Уживавме во убавините во манастирот во Водоча, градот Струмица и прекрасните Колешински Водопади. Првиот ден ни заврши во Дојран, во хотел Полин. Иако бевме изморени од прошетката, сепак не ја пропуштивме забавата. Вториот ден, по појадокот го посетивме Природонаучниот музеј во Дојран, Саат кулата и црквата ,,Св. Илија". Потоа се прошетавме низ Дојран и имавме слободно време за игра и забава покрај езерото. По ручекот се упативме во Демир Капија. Таму ја посетивме винарската визба ,,Вила Марија" , ја дознавме историјата за винаријата, ја видовме винарската визба и уживаме во прекрасната природа. Тоа беше последната станица од нашето патување пред да тргнеме кон нашето Драчево.

































No comments:

Post a Comment