Дедо Мраз се јави кај нас и замоли за помош. Во училишната библиотека донел голема елка од книги, но не стасал да ја накити. Малите првачиња од 1-1 и 1-2 се тука, секогаш спремни да помогнат. Дојдоа и за час се случи чудо, елката, блесна во сиот свој сјај. А за возврат библиотекарката им прочита неколку приказни од богатата колекција на сликовници во нашето училиште.
No comments:
Post a Comment