Пристигна подарок-наградата од НЛБ во нашето училиште: Микроскоп и благодарница. Благодарност до нив.
Под слоганот „Штедиме и правиме добри дела“ и годинава, НЛБ Банката имаше уште едно успешно издание на Месецот на штедење.
Со наставно помагало, училиштен микроскоп, беа наградени и сите 25 основни училишта кои одговорија на годинешниот предизвик, реализирајќи хуманитарни активности како; посета на домови за стари лица и претстави за штитениците, донаторски акции во храна, облека и играчки за ранливи категории, помош на изнемоштени лица од нивното соседство и низа други.
No comments:
Post a Comment