Wednesday, 13 November 2024

Зборови кои болат повеќе од шамар

 Општина Кисела Вода за учениците од предметна настава од општинските основни училишта во Домовите за култура во Драчево и Домот на култура,,Билјана Беличанец" организира театарска претстава,Зборови кои болат повеќе од шамар". Претставата е проект од одобрените проекти од ,,Јавниот повик на културно уметнички работници од Општина Кисела Вода" и имаше за цел преку секојдневни случки кои за жал се вистина, да го прикаже меѓуврсничко насилство...

Претставата беше со измешани емоции кои оставиле длабока трага во развојот на психичката состојба на личноста, а некои направиле похрабра личност со здрава психа спремна да се носи со сите предизвици и падови во животот.

Приказните беа лични,емотивни,

инспирирани од секојдневни настани и случки.

Случките од приказните кои маестрално ги пренесоа актерите:Марија Ѓорѓијовска

Мики Анчевски и Винета Дамческа -Мојаноска

 ги наведе учениците на размислување и поактивно делување за спречување на се почестото присуство на врсничкото насилство.






No comments:

Post a Comment