Денес се навршуваат осумдесет години од ослободувањето на Драчево од фашистичката окупација, ден потоа бил ослободен и градот Скопје. Се воделе нерамни и тешки борби, но одлучноста и храброста на партизаните била голема да се ослободат родните огништа. Многумина ги положиле своите животи на олтарот на слободата. Во присуство на бројни делегации, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројни наши сограѓани, делегација од нашето училиште со директорката Елена Симоновска и претставниците на Ученичкиот парламент положија свежо цвеќе пред споменикот н паднатите борци во с. Драчево и ја проследија пригодната програма подготвена за спомен на борците. Слава им.
No comments:
Post a Comment