Денес дефектологот Цветана Зафировска во 1-1 одд реализираше работилница и со учениците разговараше за дечињата со церебрална парализа. Дефектологот и учениците разговараа за посебните потреби на децата со церебрална парализа, како и за нивната вклученост во секојдневниот живот. За да ја подигнеме свеста на луѓето за потребите на децата со церебрална парализа, учениците боеја панделки во зелена боја. Потоа од пластелин изработија зелени панделки. Зелената панделка е општоприфатен знак за одбележување на младоста и новиот раст, како и надежта за напредок во третманот и прифаќањето на лицата со церебрална парализа.
No comments:
Post a Comment