На 15 октомври учениците од 7-1 одд го одбележаа денот на белиот стап со показна вежба. Имено, тие се обидоа да подготват Цедевита и чај со затворени очи. За миг ја осетија состојбата којашто ја живеат голем број на слепи лица и луѓе со оштетен вид. Така увидоа колку животот на овие луѓе е отежнат. Инклузијата на лицата со оштетен вид е многу важна во секојдневниот живот, а нашето прифаќање на нивните специфични потреби, но и способности е најважниот фактор во градење на инклузивното општество.
No comments:
Post a Comment