Месец на книгата 2024
Повторно сè мириса на книги. Оваа есен од 15 октомври до 15 ноември е повторно Месецот на книгата. Во текот на овој месец библиотеката на училиштето заедно со наставниците по македонски јазик планираат бројни активности. Најпрво го поставуваме прашањето: „Што читате и кои книги оставиле траен впечаток кај вас?“
Потоа, ќе ставаме оценки на прочитаните книги досега и во текот на месецов, а за затворањето на Месецот на книгата ќе ги прогласиме и „книгите победнички“ според вашата ранг листа. Повелете во библиотеката да си земете нова книга за читање и листа за прочитани книги, која ќе ја пополните и ќе ја вратите на крајот на овој месец. Според анализата на вашите податоци ќе има и симболични награди за најдобрите читатели.
Со задоволство го прогласуваме Месецот на книгата за отворен и посакуваме многу прочитани книги и трајно другарување со книгите.
No comments:
Post a Comment