Во 3-1 одделение е секогаш динамично. Денес тие заедно со својата наставничка Радмила Стефаноска и наставникот по физичко образование и воспитување, Андреј Боневски, заедно ја одбележаа Европска недела на мобилност и Европски ден на училишниот спорт, во соработка со Општина Кисела Вода. Важноста за практикувањето спортска активност и возењето велосипед, секогаш кога тоа е возможно, се учи од најрана возраст. Задоволството се гледа на лицата на младите велосипедисти и скејтери. Посакуваме почесто вакви денови. Во продолжение на постот погледнете ги сликите од галеријата.
No comments:
Post a Comment