🏡На 12.06.2024 година во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево, Општина Пехчево се одржа едукативна работилница " Истражи го барскиот екосистем" која е дел од Мрежата за искуствено учење.
🏠На работилницата учествуваа ученици од VII-1 и VII-2 одд. во организација на педагогот Елена Петрушевска, психологот Ивана Јаневска и наставничката по биологија Биљана Илиева.
🌾🐸🦟🐌🔬🧫🦠 Работилница со активности е спроведена на терен на природната бара-Езерце во градот Пехчево, а вториот дел се состоеше од набљудување под микроскоп и лупа и анализа на собраните материјали од терен во едукативниот центар во Негрево .
Учениците преку искуствено учење се запознаа со растителниот и животинскиот свет на барскиот и шумскиот екосистем. Нивното знаење се збогати со еден поинаков начин на учење преку експерименти, собирање на природен материјал и негово набљудување.
No comments:
Post a Comment