Monday, 13 May 2024

Тридневна наставно-научна екскурзија на деветтоодделенците во Охрид

 






Тридневна наставно-научна екскурзија на деветтоодделенците во Охрид

 

 

 Во периодот од 25-27 април  во рамките на програмата на училиштето беше изведена тридневна наставно-научна екскурзија со учениците од деветто одделение. Дестинацијата беше Западна  Македонија и запознавање со овој  предел. Беа посетени знаменитостите и природните убавини во овој дел од Mакедонија.

Одговорни наставници беа  Билјана Јованоска  и Гордана С. Анѓелковска

 

Извештај за реализација на тридневна наставно-научна екскурзија во IXодделение во период од 25-27.04.2024 година

 

 

 

 

ДЕН 1

Поаѓање за Охрид во 8.00ч.

l  Правец на патување:

Скопје-Тетово-Гостивар-Дебар – Охрид

- посета на с.Вруток (изворите на реката Вардар)

- посета на ХЕЦ „Шпиље“

- попатна посета на Св.Јован Бигорски и женскиот манастир Рајчица

-пристигнување во хотелот во Охрид, сместување

- прошетка низ градот (Св.Софија-Св.Јован Канео-Плаошник-Самоилова Тврдина-Антички театар, низ стариот дел на градот и чаршијата)

-вечера и вечерна забава

 

ДЕН 2

-доручек

- посета на Музејот на вода „Залив на коските“

-посета на Св.Наум (манастирскиот комплекс)

- ручек

- попладневни активности

Учениците се групираат во 3 групи според интересот:

֎   група 1 - насоки за изработка на патопис „ Македонија низ моите очи “ (македонски јазик)

֎   група 2 - Ендемични и ретки видови од растителниот и животинскиот свет

o   (биологија)

֎   група 3 - Природно - географски карактеристики на Охридското Езеро (географија)

- вечера и вечерна забава

 

 

ДЕН 3

- доручек

- Посета на Вевчани – Вевчански извори

- Разгледување на Струга и посета на Природонаучниот музеј

- ручек

- поаѓање за Скопје

-пристигање во попладневните  часови

 

За време на тридневната екскурзија имаше туристички водич и доктор.

Екскурзијата помина во најдобар ред во однос на здравјето, безбедноста и сместувањето на учениците. Учениците ги продлабочија своите знаења околу природните убавини и знаменитостите кои ги посетија во овој дел од Македонија.

Одделенски раководители

Билјана Јованоска  IX-1 одд

Гордана С. Анѓелковска IX-2 одд




No comments:

Post a Comment