Friday, 31 May 2024

Кај Масин на изложба и работилница
































Со изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“ ,  Мирослав Масин во Даут пашиниот амам ја актуелизира својата животна филозофија преку своите уметнички дела. На само нему својствен начин тој ја загатнува вечната дилема: Што е постаро?, како и еволуцијата на човекот, преку прашањето каде сме стасале. 

Инспирирани од прекрасната изложба на нашиот познат уметник, четворица од нашите ученици, Андреј Радевски, Марија Тренковска, Ева Пешевска и Дарија Крстевска, сите седмоодделенци, денес се запознаа со уметникот, му поставија ,,тешки" прашања, а потоа твореа и создадоа свои уметнички дела во Националната галерија Даут Пашин амам. На работилницата учениците беа со наставничката по техничко и информатика, В. Терзиева и библиотекарката Н. Старделова. Ова е повторна наша соработка со галеријата, по бројните наши посети, работилници, изложби на реномирани наши уметници, и благодарни сме за поканите и водството на нашата Маја Димитрова, која неуморно работи со учениците и нивните ментори да ја доближи уметноста до учениците за да ,, ја доживеат и почувствуваат" зашто само чувството е она што се памети и останува. 


No comments:

Post a Comment