Wednesday, 15 May 2024

Настава во природа- Петто одделение (прв и втор ден)

 Време:14.5.2024 (вторник) и 15. 5. 2024 (среда)

Место: Струга

Учесници: петто -1 и петто- 2

Ден: Прв и втор

Активности:

Посета на изворот на Вардар- Вруток

Посета на манастирот Св. Јован Бигорски

 Посета на манастирскиот комплекс Рајчица и манастирот  „Св. Ѓорѓи“

Сместување

Посета на природонаучниот музеј во Струга

Извештај за првиот ден:

Учениците од петто одделение попатно имаа посета на Шарена џамија, потоа првото застанување беше кај во селото Вруток, кое се наоѓа во општина Гостивар . Селото Вруток е познато по изворот на Вардар , каде се наоѓа и хидроцентралата ,,Вруток“ и специјализирани рибни ресторани. Учениците го видоа изворот на нашата најголема река Вардар, научија дека во вруточките рибници за прв пат била одгледана златната пастрмка, а подоцна и сребрената пастрмка. Потоа се упатија кон Бигорскиот манастир (,,Св.Јован Бигорски")-манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар. Еден од монасите им раскажуваше дека името на манастирот доаѓа од фактот што објектот бил изграден од бигор. Манастирот е посветен на Јован Крстител . Учениците ја разгледуваа манастирската црква. Но, исто така им кажаа дека постојат и други легенди за манастирот. Потоа се упатија кон селото Рајчица каде се наоѓа женскиот манастир ,,Св Ѓорѓи", каде учениците го разгледуваа манастирскиот комплекс и се фотографираа. Попатно кон Струга ги разгледаа Дебарското езеро, бањата Косоврасти.

Извештај за првиот ден:

Втор ден: по појадокот учениците се упатија на прошетка низ градот Струга. Прво се посети Мостот на поезијата (познат по Струшките вечери), потоа Спомен куќата на браќата Миладиновци, каде кустосот им објаснуваше за живот и делата на браќата Миладиновци. Од таму го посетија Природонаучниот музеј каде што има многу препарирани животни, птици инсекти, а има и многу видови на растенија. Кустосот им објаснуваше за начинот на препарирање и потоа учениците разгледуваа низ музејот. Следно беше прошетка низ градот по течението на Црн Дрим и пешачење по брегот на Охридското езеро. Ручек, па потоа учениците имаа слободни активности во преубавиот двор на ,,Солферино", каде заедно уживаа. Реализација на предвидените активности по предметот македонски јазик - пишување Извештај за посетените места.



























No comments:

Post a Comment