Инспирирани од прекрасната изложба на нашиот познат уметник, четворица од нашите ученици, Андреј Радевски, Марија Тренковска, Ева Пешевска и Дарија Крстевска, сите седмоодделенци, денес се запознаа со уметникот, му поставија ,,тешки" прашања, а потоа твореа и создадоа свои уметнички дела во Националната галерија Даут Пашин амам. На работилницата учениците беа со наставничката по техничко и информатика, В. Терзиева и библиотекарката Н. Старделова. Ова е повторна наша соработка со галеријата, по бројните наши посети, работилници, изложби на реномирани наши уметници, и благодарни сме за поканите и водството на нашата Маја Димитрова, која неуморно работи со учениците и нивните ментори да ја доближи уметноста до учениците за да ,, ја доживеат и почувствуваат" зашто само чувството е она што се памети и останува.
Friday, 31 May 2024
Кај Масин на изложба и работилница
Инспирирани од прекрасната изложба на нашиот познат уметник, четворица од нашите ученици, Андреј Радевски, Марија Тренковска, Ева Пешевска и Дарија Крстевска, сите седмоодделенци, денес се запознаа со уметникот, му поставија ,,тешки" прашања, а потоа твореа и создадоа свои уметнички дела во Националната галерија Даут Пашин амам. На работилницата учениците беа со наставничката по техничко и информатика, В. Терзиева и библиотекарката Н. Старделова. Ова е повторна наша соработка со галеријата, по бројните наши посети, работилници, изложби на реномирани наши уметници, и благодарни сме за поканите и водството на нашата Маја Димитрова, која неуморно работи со учениците и нивните ментори да ја доближи уметноста до учениците за да ,, ја доживеат и почувствуваат" зашто само чувството е она што се памети и останува.
Thursday, 30 May 2024
Патопис од наставата во природа
ИМПРЕСИ ОД НАСТАВА ВО ПРИРОДА
Никола Душaновски V1одд.
Ментор:Елена Иванова
Со нетрпение го очекував
денот кога требаше да тргнеме на ексурзијата.Беше понеделник,ранецот и
торбицата веќе ми беа спремни за тргнување .Со другарите се договоривме кој
како ќе спиеме во собите и кој што да понесе за забава.Возбудата растеше.Дури и
сонот тешко доаѓаше.
1 ден
Дојде и вторник. Сите се сретнавме на договореното
место. Тргнавме,весели и среќни кон новите авантури кои не чекаа. Најпрво
отидовме да ја посетиме Шарената џамија. Беше нацртана од јајце и крв од зајак
.Била изградена во 1438 г. и таа се наоѓа во градот Тетово. Потоа отидовме да го
посетиме изворот на Вардар, Вруток. Тој се наоѓа во планински предел и таму се
наоѓа и хидроцентралата Вруток која произведува струја. Во нивните рибници била
создадена и златната пастрмка ,а години потоа и сребрената пастрмка. Од таму
продолживме кон Свети Јован Крстител или Бигорски манастир. Кој се наоѓа меѓу
Гостивар и Дебар. Главен празник на манастирот е 11 Септември и 7 Јули. Градбата
на манастирот е многу убава и имаат и конаци за монасите. По пат го видовме и
дебарското вештачко езеро. Застанавме да го видиме манастирот на жените или Св.
Ѓорѓи во селото Рајчица. Од таму тргнавме кон хотелот „Солферино„ во Струга .Се
сместивме во собите и вечеравме . Па малку си разговаравме и си легнавме да
спиеме.
2 ДЕН
Утрината станавме со многу енергија. Се измивме и отидовме да појадуваме. По
појадокот, отидовме во спомен домот на „Браќата Миладиновци„.Таму кустосот ни
раскажуваше дека Димитар е најстарото дете ,а Константин се родил 5 дена по смрта
на татко му и бил најмалото дете. Тие пишувале многу песни но не можеле да ги
испечатат, но дошол еден поп кој сакал да им помогне да ги испечатат
песните. Најпознатата песна им е „Тга за ју“.Од таму отидовме во музејот„д-р
Никола Незлобински„. Во музејот има препарирани животни и инсекти. Имаше многу
различни видови на животни и инсекти. Мене ми остави впечаток телето со две
глави. Кога излеговме отидовме во чаршијата да јадеме сладолед и ја видовме
реката Црн Дрим и поминавме по мостот на поезијата и научивме дека токму на
овој мост се одржуваат Струшки вечери на поезијата на која присуствуваат многу
поети од целиот свет. Кога стигнавме во хотелот јадевме и игравме
одбојка. Вечерта имавме диско. Многу беше забавно,пеевме и игравме ора.
3 ден
Утредента отидовме во Вевчани каде
прошетавме по убавата природа. Имаше многу водопади кои беа гласни. Се
фотографиравме пред општината Вевчани. Потоа отидовме во Калишта да го посетиме
манастирот „Пресвета Богородица„.Внатре имаше пештера во која имаше пештерска
црква, таму ја имаше иконата на кафената, темната Богородица. Бев воодушевен од
тоа како ја изградиле црквата во самата пештера. Излеговме надвор и влеговме во
црквата да запалиме свеќа за здравје. Во хотелот игравме фудбал и криенка
.Вечерта имавме пижама парти . Беше многу интересно, сите бевме облечени во
пижами, исцртани по лицето, игравме и пеевме. После забавата се собравме во
една соба и игравме друштвени игри и си разговаравме, смеевме со моите
другарчиња .
4 ден
Следниот ден шетавме низ градот
Охрид. Прво бевме во археолошки објект Плаошник и уживавме во убавиот
поглед на езерото. Отидовме и до црквата Канео. Го посетивме амфитеатарот и
црквата Св. Софија. Низ чаршијата седнавме на по едно колаче, торта или
сладолед. Потоа ја посетивме куќата на првите охриѓани фамилијата Робевци што
претставува музеј и се сочувала како што била некогаш. Вечерта имавме караоке
шоу во хотелот и супер си поминавме .
5 ден
Утредента си трнавме од Струга и
патот го продолживме кон Крушево. Крушево е највисокиот град во Македонија на
1350 м надморска височина .Во него се наоѓа споменикот Илинден или Македониумот
поставен на Илинденското востание и Крушевска Република. Во Крушево ја посетивме
и спомен куќата на Тодор Проевски, меморијален објект кој беше икона на
македонската музичка сцена. Од таму прошетавме и кон Крушевското езеро каде
јадевме.
Во попладневните часови се вративме. Пред збoрното место не' пречекаа
родителите и среќни се изгушкавме и си тргнавме
кон дома да си ги раскажуваме импресиите од прошетката низ нашата мила
земја. Тоа е едно убаво искуство за мене и една убава дружба со мојата
наставничка и моите другарчиња.
Никола Душановски V1одд.
Ментор:Елена Иванова
Одвај чекам да одам на настава во природа. Многу сум возбудена, а сигурна сум дека и моите
другарчиња. Конечно дојде и денот за настава во природа. Сите мои другарчиња
беа на автобуска. Дојде време да тргне автобусот. Си се збогувавме со
родителите и тргнавме. Тој ден требаше да се симнеме на четири дестинации. Првата
дестинација ни беше во Шарената Џамија во Тетово. Таму научивме дека во џамиите
влегувале само мажи и тие требале да ги соблечат патиките пред да влезат
внатре. Кога влеговме внатре видовме дека е многу шарено и затоа се викала
Шарена Џамија. Водичот ни кажа дека цртежите се нацртани од јајца и крв од
зајак. Втора дестинација ни беше Вруток. Во Вруток извира нашата најголема река
Вардар. Таму имаше многу извори. Во изворите имаше риби и од таму потекнала
првата златна пастрамка. Третата дестинација ни беше манастирот Свети Јован Бигорски. Свети Јован Бигорски го
крстил Исус Христос и ни кажаа дека каде што е црквата пред многу години имало
икона и таа икона сега стои во црквата. Крајната дестинација ни беше во црквата
за жени. Таму се сликавме и се качивме во автобусот. После три саати патување
стигнавме во хотелот Солферино.
2 Ден
Вториот ден шетавме во градот Струга. Бевме на мостот на
поезијата и музејот на браќата Миладиновци. Тие се викале Димитрија, и
Константин. Наум не се спомнува многу, но биле тројца браќа. Константин отишол во Москва
да работи. Кога се враќал дознал дека брат му го затвориле во затвор во Турција
во градот Истанбул и не чекал па одма отишол таму. Таму кога отишол мислеле
дека е Руски шпион и затоа го затвориле и него. Двајцата браќа не можеле веќе
да издржат и Димитрија умрел на 17 Јануари а Константин на 22 Јануари. Потоа
отидовме во музејот на препарирани животни. За да ги препарираат животните прво
ги мереле, потоа им ги ваделе органите и кожата им ја ставале на стиропор. Како
што шетавме си купувавме сувенири. Кога се вративме излеговме надвор и игравме
одбојка и фудбал. Вечерта имавме диско забава. Многу беше интересно тоа траеше
до 12 часот. Кога помина 12 часот сите си легнавме да спиеме.
3 Ден
Третиот ден бевме во Калишта и во Вевчани. Многу убаво си
поминавме. Во Вевчани бевме по едни скали и како што одевме извираше вода. Многу
беше убаво. А, во Калишта бевме во една пештерска црква. Таму имаше многу икони
и слики многу беа убави. На враќање собиравме камчиња за по предметот техничко.
После тоа имавме пижама парти. Многу беше забавно сите се облекувавме во
пижами. Кога заврши пижама партито сите си легнавме да спиеме.
4 Ден
Четвртиот ден отидовме во Охрид.Како што пешачевме го
гледавме Охридското Езеро. Како што шетавме отидовме во куќата на браќата
Робевци. Биле двајца браќа, во куќата биле прикажани нивните два стана. Од левата страна станот на едниот брат, од
десната страна станот на другиот брат. После тоа се качивме во автобусот и
заминавме за накај хотелот. Кога стигнавме таму правевме една забава со пеење.
Сите пеевме различни песни, а некои песни беа народни па затоа се фаќавме на
оро.
5 Ден
Петтиот ден отидовме во Крушево. Прво отидовме во музејот
на Тоше Проески. Тој се викал Тодор, но
го викале Тоше нагалено. Тој кога бил помал тренирал кикбокс заедно со
гимнастика и други работи. Тој кога имал настапи многу се радувал кога ќе видел
деца на неговите настапи. Тоше кога имал настапи парите што ќе ги соберел ги
давал на деца без родители, деца со посебни потреби и сиромашни фамилии. Тоше
бил толку хуман, што луѓето почнале да му даваат пофалници, благодарници
па дури и трофеи. Потоа отидовме во Споменикот Илинден. Внатре немаше ништо па
затоа отидовме да купуваме од тезгите. Си купивме локум и други работи и си
заминавме за Скопје. После три саати стигнавме во Скопје. Мене ме пречекаа
моите родители и си заминав. Така заврши мојата приказна за настава во природа.
Изработила
Јована Дабеска
Импресии од настава
во
природа
Напишано од Кирил Јаневски од 5-1
Ментор Елена Иванова
После толку чекање, дојде и тој ден.
Денот пред тргнувањето
бев премногу возбуден и среќен, дури и од возбуда не можев да заспијам во очекување на ова долго
и другарско патување.
Наредниот ден се поздравив
со моите родители и отидов на автобуската станица. Во 8:15
им мафнав на моите родители и тргнавме.
Првата дестинација
ни беше во Шарената Џамија во Тетово. Таму целата џамија беше со цртежи, а најинтересно
од се цртежите беа нацтрани од крв од зајак и јајце, а потоа продолживме кон селото
Вруток од кај што извира нашата најголема река Вардар, каде била создадена првата
Златна пастрамка. Потоа отидовме во нашиот познат манастир Св. Јован Бигорски и а потоа го посетивме и женскиот манастир во с. Рајчица и во попладневните часови стигнавме
до хотелот во Струга. Отидовме на вечера, убаво се најадовме и си легнавме да се одмориме.
Ден среда, отидовме во Струга. Прво видовме дека реката Црн Дрим се излева од Охридското
Езеро, а потоа отидовме во музејот на „Брака Миладинoвци“ а таму ни раскажуваше кустосот за нив. Јадевме сладолед, си купувавме ланчиња, алки и така натаму... Кога се вративме во хотелот игравме одбојка, фудбал
и други игри. Вечерта имавме диско забава до касно се забавувавме, игравме и пеевме
и така заврши и овој ден.
Ден четврток, отидовме
малку да учиме. Таму цртавме тоа што ни остави најголем впечаток. Потоа отидовме во
Вевчани. Прво се упативме кон Вевчанските извори во најубавата природа, а потоа во
Калишта каде што имавме поглед кон Охридското Езеро, а после отидовме во Пештерската
црква, Пресвета Богородица каде се наоѓа чудотвотната икона на Богородица, односно
ликот на Богородица е со кафена боја. Таму се фотографиравме, игравме со брановите, а
вечерта имавме караоке. Таму ги пеевме песните Бисер Балкански, Заветна, Магија, Македонско
Девојче, Мафија и така натаму. И така заврши и овој ден
Ден петок отидовме
во Охрид. Таму прво се упативме во Плаошник (Св. Климент Охридски) таму малку беше
напорно за да стигнеме од многубројните скали. Потоа отидовме во Канео каде што го
имаше најубавиот поглед кон Охридското Езеро. Потоа отидовме во црквата Св. Софија, а потоа отидовме во Чаршијата покрај кејот на Охрид
да јадеме сладолед и така заврши и овој ден.
Ден сабота последниот
ден на ова возбудливо и дружељубиво патување. Си ги спремивме куферите и отидовме
во автобус. На пат кон дома отидовме и во Крушево последната дестинација за ова наше
патување. Прво отидовме во Спомен куќата на нашиот најпознат пеач Тодор Проески(Тоше).Тодор
Проески(Тоше) е роден на 25 Јануари 1981 год. во Прилеп,а починал во сообраќајна
несреќа на 16 Октомври 2007 год.,а неговиот последен концерт бил во Скопје на 5
Октомври 2007 год. Во Спомен куќата на Тоше го имаше цело негово студио со неговиот
синтисајзер и неговите гитари, таму го имаше неговиот мотор, велосипед, облеката која
што му беше омилена, неговите омилени играчки во неговото детство, неговите гитари, цедиња
и неговите подароци. Потоа отидовме на Крушевското Езеро да ручаме и на крај отидовме во Македониумот каде
што беше гробот на Никола Карев, а по назад беа имињата на нашите војводи Гоце Делчев, Никола
Карев, Питу Гули, Јане Сандански и така натаму.
За мене и за моите
другарчиња ова беше незаборавно искуство, научивме да другаруваме, да не се расправаме
и повеќе се зближивме. Ние ова патување ,оваа дружба нема никогаш да ја заборавиме!
Претстава ,,Неверленд"
Претставата НЕВЕРЛЕНД, на тема врсничко насилство се одигра денес, 30.5.2024, во Домот на културата во с. Драчево. Пред бројна публика од трите основни училишта во Драчево, учениците од 8 и 9 одделение ја видоа претставата на оваа, деновиве многу актуелна тема.
,,Од идеја до реализација’’- МИО
,,Од идеја до реализација’’
Трета средба на МИО и изработка на книга со тврди корици од страна на учениците.