Wednesday, 22 May 2024

Дводневна екскурзија со учениците од 6 одд. во Струмица

 Дводневна екскурзија со учениците од 6 одделение во Струмица 

На 20 и 21.05.2024 година со учениците од 6 одд. беше реализирана дводневна екскурзија во Струмица. Првиот ден учениците го посетија Велешко Езеро, археолошкиот локалитет "Стоби" и Колешинските водопади. Во вечерните часови направија прошетка до плоштадот кој се наоѓа во центарот на Струмица. Вечерта ја заокружија со забава во просториите на хотелот. Дополнителна забава им приреди ученикот Андреј Стојчевски од 6-2 одд. кој свиреше популарни песни на гитара. Вториот ден во утринските часови ги посетија манастирите Водоча и Велјуса, а потоа направија прошетка низ Градскиот парк. Во попладневните часови, на враќање кон дома, ја посетија и Спомен костурницата во Велес. 

Одговорни наставници: Биљана Илиева и Марина Божиновска Тасевска



















































No comments:

Post a Comment