Врз основа на „Правилникот за пофалби и награди и педагошки мерки на учениците“ на ООУ „Св. Климент Охридски“, и Критериумите за избор на првенец на генерација претседателот на Комисијата за избор на првенец на генерацијата го распишува следниот
КОНКУРС
за избор на првенец на генерацијата 2015-2024 година
Конкурсот е отворен до 13.6.2024 и на него право на учество имаат сите ученици од деветто одделение во учебната 2023-24 година при ООУ „Св. Климент Охридски“ кои ги исполнуваат следниве услови:
- Континуиран одличен успех во текот на сите одделенија
- Континуирано примерно поведение
- Ученикот/чката да учествувал/а на општински, регионални, републички и меѓународни натпревари или проекти и да има освојувано дипломи, признанија и награди на истите
- Да не бил/а казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на воспитно –образовниот процес и да нема повеќе од 3 неоправдани изостаноци (за секоја година поединечно)
- Да има активно учество во ученичките организации, слободните и вон-наставните активности на училиштето
- Со своето поведение и постапки да дава пример за солидарнoст, правичност и хуманост.
Потребни документи:
Кратка биографија
Фотокопија од свидетелствата од 4-8 одделение ( за 9 одделение одделенскиот раководител дава информација за успехот и поведението при пишувањето на мислење за ученикот)
Фотокопија од дипломи, признанија и награди за освоени места или учество на натпревари на различно ниво, како и потврди за учество во вон-наставни активност
Мислење од одделенски раководител и/или ментор за освоените постигнувања
Комплетната документација учениците да ја достават не подоцна од 13.6.2023 до своите одделенски раководители, кои пак потоа ја доставуваат до претседателот на комисијата Елена Петрушевска. Комисијата ќе ги рангира добиените документи според утврдените инструменти за рангирање и најдоцна до 17.6.2024 ќе ги објави резултатите од конкурсот.
Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат од страна на Комисијата
No comments:
Post a Comment