Wednesday, 3 April 2024

ОБУКА: Градење на капацитетите за управување со менструалното здравје и хигиена

ОБУКА: Градење на капацитетите за управување со менструалното здравје и хигиена 

На 03.04.2024 се одржа обука за Градење на капацитетите за управување со менструалното здравје и хигиена во организација на МОН на која беа присутни психологот И. Јаневска и библиотекарот Н. Старделова. Предавачите проф.д-р Е.Ќосевска и проф. д-р Е. Ризова беа исцрпни и опширни во разработување на темата како да се подобрат состојбите во основното образование во однос на знаењето, разбивање на стигмата во однос на менструацијата, како и подобрување на хигено- техничките услови, но и психолошката  поддршка и разбивањето на митовите кои владеат на оваа тема. Споделени беа информации за фактори што влијаат врз управувањето со менструалната хигиена, што е пубертет и какви промени настануваат кај девојчињата, што е менструација, менструален циклус и предменструален синдром, одржување на хигиената за време на менструација, исхрана за време на менструација и стратегии за олеснување на периодот на пубертет кај девојчињата.











No comments:

Post a Comment