Thursday, 21 March 2024

Светски ден за подигање на свеста за Даунов синдром

 Светски ден за подигање на свеста за Даунов синдром - 1-2, 5-2 , 3-1, 3-2, 2-1 и 2-2 одделение









Од малечки да ги учиме да се почитуваат, другаруваат и сакаат без разлика на нивните различности. Тоа и всушност го прави човекот, посебна, индивидуална личност но секој треба да научи, сите имаат исти права, исти можности, прифаќање на различностите и усовршување на сличностите... Светскиот ден на децата со Даунов синдром, 21 март не потсетува колку љубов и сила имаме во себе и да научиме да се сакаме, почитуваме и прифатиме онакви какви што сме, различни. 1-2 одделение ❤️🥰🎗️🧦🧤

Во III 2 oдбележан 21 март, Светски ден за подигање на свеста за  Даунов синдром.Темата за оваа година е „Крај на стереотипите“.








Светски ден на лицата со Даунов синдром. Дел од учениците од 5-2 одд. го одбележаа со препознатливите различни чорапчиња. Нивната порака е дека животот не е црн или бел. Убавината е во шареноликоста! 🥰


























Дефектологот Цветана Зафировска на Денот за подигање на свеста за поддршка на лицата со Даунов синдром денес во соработка со одделенските наставници на 2-1,2-2 и 3-1 одделение одржа работилници каде се дискутираше, црташе, боеше за поддршка.


No comments:

Post a Comment