Saturday, 23 March 2024

Државен рецитаторски натпревар

 На 23 март 2024 год. во кино ,,Синеплекс" во ,,Скопје Сити Мол", се одржа Државниот рецитаторски натпревар за учениците од основно и средно образование, организиран од  Сојуз на друштвата на македонски јазик и литература. Од нашето училиште учествуваше Димитар Ацовски од 9-2 одд. под менторство на наставникот по македонски јазик, Виолета Трпевска. Во првиот круг учениците се претставија со песната ,,Пролет, лето, есен, зима" од Владимир Мартиновски, додека во вториот круг комисијата им ја даде песната ,,Магдалена" од Анте Поповски.






No comments:

Post a Comment