Wednesday, 28 February 2024

Меѓународен ден за лицата со ретки болести

 




Најреткиот ден во годината, 29 Февруари, е Меѓународен ден за лицата со ретки болести. По тој повод цел месец се одржуваат активности чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

Денес во светот 300 милиони луѓе се соочуваат со некаков вид на ретка болест, а има над 6.000 различни дијагнози.
Да не е само еден ден, да не е само еден месец, туку 365 дена во годината да биде поддршката во секој сегмент од општеството за луѓето со ретка болест и нивните семејства.
Првиот ден на ретки болести е одбележан во 2008 година, точно на 29 февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Оттогаш Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари. Избран е месецот февруари, кој е редок по своите 28 или 29 дена. Со нашите активности покажавме дека сме инклузивни и емпатични.Секогаш отворени за знаење и поддршка.


No comments:

Post a Comment