Tuesday, 5 December 2023

„Празнуваме за едно училиште со душа“- резултати од конкурсот

 По повод Патрониот празник на училиштето беше распишан конкурс со мото „ Празнуваме за едно училиште со душа“. Пристигнаа навистина огромен број на творби и двете комисии за литературниот и ликовниот конкурс имаа тешка задача сите да ги рангираат. Сепак, мораше да се изберат најдобрите од најдобрите творби и резултатите се следниве:

 Литературен конкурс: 

Две први места од предметна настава

Софија Ацевска- 9-1 одделение Ментор: Виолета Трпевска

Доротеа Стојановска 6-1 Ментор: м-р Валентина Трајкоска  

Две први места од одделенска настава

Јована Јовановска 5-1 Ментор: Елена Иванова 

Матеј Јаневски 5-2 Ментор: Јасмина Лакинска

Две втори места од предметна настава

Јаков Станков 6-1 Ментор: м-р Валентина Трајкоска 

Матеа Стојановска 8-2 одделение Ментор: Виолета Трпевска

Две втори места од одделенска настава

Меланија Георгиева 3-2 Ментор: Лиле Велјановска

Мелани Василевска 3-1 Ментор: Тања Петков

Две трети места од предметна настава

Јорида Гроздан 7-2 Ментор: м-р Валентина Трајкоска  

Марта Гајдоска 6-1 Ментор: м-р Валентина Трајкоска  

Две трети места од одделенска настава

Дамјан Василевски 2-2 Ментор: Сузана Спасовска

Василиј Ѓорѓиевски 4-1 Ментор: Елена Симоновска

Две пофалници од одделенска настава:

Владимир Стоилковски 5-1 Ментор: Елена Иванова

Јована Дабеска 5-1 Ментор: Елена Иванова


 Ликовен конкурс

Две први места од одделенска настава

Дарија Јаковчевска 5-2  Ментор: Јасмина Лакинска

Јана Јаневска 5-1 Ментор: Елена Иванова 

 Едно прво место од предметна настава

 Мила Василевска 8-2 Ментор: Виолета Тодоровска

Две втори места од одделенска настава

Андреа Петрушевски- 1-2 Ментор: Марина Божиновска Тасевска

Евгенија Станкоска 3-2  Ментор: Лиле Велјановска

 Едно второ место од предметна настава

Андреа Радевска 6-2 Ментор: Виолета Тодоровска

Три трети места од одделенска настава

Ведран Христов 2-1 Ментор: Радмила Стефаноска

Јана Стојмановска  4-1 Ментор: Елена Симоновска

Миа Трпчевска 3-1 Ментор: Тања Петков

Едно трето место од предметна настава

Ева Петрушева 7-2 Ментор: Виолета Тодоровска

Прво место - Предметна настава

Второ место - Предметна настава

Трето место - Предметна настава


Прво место - Одделенска настава

Прво место - Одделенска настава

Второ место - Одделенска настава

Второ место - Одделенска настава

Трето место - Одделенска настава

Трето место - Одделенска настава

Трето место - Одделенска настава


Празнуваме за едно училиште со душа (1 место- предметна настава)


Нашето училиште многу години поминато има,
во ропство и слобода, и лето и зима.
Многу генерации имаат поминато,
и со добро заминато.

 

Нашето училиште Климент Охридски е именувано,
и многу успеси имаме постигнувано.
Ова е денот што сите го слават,
за активностите што во училиштето се прават.

 

Еј, Патрону наш,
славете го како да е и ваш!
Тука сме во добро и лошо,
и кога сонце грее,
или пак снег вее.

Многу промени имало тука,
и на часови немало бука.
Ова е нашето училиште,
ова е „Св .Климент Охридски“ зар не?
Ние сме најдобри за се!

Сите убави моменти поминати,
брзо течат како река,
но ќе бидат во нашите срца до века.


Патрону, наш сега ќе те оживееме,

нели за овој ден живееме,
за тие мигови отидени,
но повторно ќе бидат
видени.

 

Тие Климентови чуда направени,
никогаш нема да бидат заборавени.
За тие негови поуки и учења,
секаде да бидат чуени.

 

 

Софија Ацевска 9-1

Ментор: Виолета Трпевска

Празнуваме за едно училиште со душа(1 место- предметна настава)

 

Училиште мое драго,

 Постоиш еден цел век,

Во душа те носат

Моите претци за навек.

 

Баба, дедо, тато,

Секој за тебе кажува,

И со позитивни емоции раскажува.

Колку џагор и радост

Во твојот двор имало,

А и сега има.

 

Те празнуваме,

За тебе се радуваме,

За тебе пееме,  и твориме,

 и секогаш за тебе,

со душа и убава мисла зборуваме.

Доротеа Стојановска

6-1 одделение

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

Училиште со душа (1 место- одделенска настава)

Многу нови знаења ни нуди,

чувство на сигурност и топлина ни буди!

За неговите ученици е многу вредно,

во срцата единствено, само едно!

 

Тоа е училиштето мое,

гордо го носи името свое!

Св. Климент Охридски се вика,

има душа, со традиција блика!

 

Тука учел и мојот дедо,

,,Чувај го училиштето мое чедо”!

А јас си велам спомени да делам,

кога ќе бидам колку него!

 

Секој ученик од училиштето знаење дели

и никој лошо за него не вели,

штета што не се учи и лете

јас сум Климентово, среќно дете!

 

Неговата душа е чиста и мила

на сите ученици им дава сила!

Во секое срце е врежано силно,

најтопло е, за мене најмилно!

Матеј Јаневски 5-2 одделение

ООУ ,,Св. Климент Охридски,, с. Драчево

Ментор: Јасмина Лакинска

Празнуваме за едно училиште со душа (1 место- одделенска настава)

 

О, колку името

Климент е свето.

Пред векови многу

И времиња тешки

Надеж во мракот се роди

Нашиот народ

Кон светлината

Да го води.

Учителу наш голем,

 Го славиме твоето дело,

Во целата татковина наша

 И во твојот роден град Охрид..

Училиштето мое

Го носи името твое.

Низ овие 99 лета

Поминале ученици бројни

Врежани ќе светат ко лицето твое.

Вечно ќе го славиме името твое

И во срцето ќе го носиме свое.

Јована Јовановска 5-1

Ментор Елена Иванова

Празнуваме со едно училиште за душа (2 место- предметна настава)

 

 

Денес празник празнуваме

за поубав ден сонуваме.

Празник за нашето училиште,

нашето големо просветилиште.

 

Со радост и успех,

срцето ни чука,

чекор по чекор,

иднина градиме тука.

 

Учителите,

на убав пат не насочуваат

А, учениците,

голем успех ветуваат.

 

Денеска ние празнуваме,

За нашето училиште се радуваме,

Паролата наша вечно  нека трае:

,, училиштето е свет дом"-секој нека знае.

 

Јаков Станков

VI 1

Ментор: Валентина Трајкоска

Празнуваме за едно училиште со душа (2 место- предметна настава)

 

Пред многу години,

Климент се роди,

и ден денес

писменоста ја води.

 

Климент, нашиот учител славен,

во творештвото на азбуката главен.

Неговата писменост со цена не се плаќа,

негови учители биле Солунските браќа.

 

Во училиштето наше се учело на бугарски и српски,

меѓу овие студени ѕидови,

дури да се учи на мајчин јазик,

било тешко како да искачиш највисоки ридови.

 

Во ова училиште ученици

еден век доаѓаат и одат,

климентовото дело

до целта го водат.

 

Нашето училиште е познато

по климентовата душа,

која што како раскажана приказна

треба да се слуша.

 

Да го зачуваме климентовиот белег

подади си рака,

верувајте секој што учи тука,

тоа го сака.

 

 

Ученик: Матеа Стојановска VIII-2

Ментор: Виолета Трпевска

Моето училиште (3 место- предметна настава)

Училиште мое,

Втор дом мој,

Учениците се собрани

Како пчели по цел рој.

Учителите наши

Секој ден да учиме ни посочуваат

Со книги и добар збор,

Секогаш нè подучуваат.

Кој на училиште оди

Со леснотија животот свој

По добар пат ќе го води.

Училиштето треба да се чува,

А книгата да се негува,

Кој тоа го прави,

Секој секаде ќе го слави.

Марта Гајдовска

6-1

Ментор Валентина Трајкоска

Празнуваме за едно училиште со душа (3 место- предметна настава)

 

Училиште мое сјајно.

Јас те сакам бескрајно,

Во моите очи си врв,

ѕвонче ѕвони за час прв.

Во училишните клупи седат деца,

без детски џагор, училиште нема.

Осми Декември го славиме ние,

Во прослава оро детско се вие.

„Св. Климент Охридски“ училиштето се вика,

Сјај во очите на децата блика.

Ѕвонче ѕвони за прв час,

Учениците ги вика во нивниот клас.

 

Јорида Гроздан

7-2 одделение

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

УЧИЛИШТЕ СО ДУША (2 место- одделенска настава)

 

Азбука ни дари

чини богатство цело,

со кренати глави

да чекориме смело.

 

На 8 Декември

името ти го празнуваме,

Клименту, учителу

со секоја буква

за тебе си спомнуваме.

 

Од срце те сакам,

училиште мое,

вечно ќе се слави

името твое.

 

За моето училиште

надалеку се слуша,

тоа не е ко другите,

Тоа има ДУША.

 

Споменот за тебе

вечно ќе го чуваме,

љубовта кон тебе

долго ќе ја негуваме.

 

                                                                                           Меланија Георгиева   III 2 одд     

                                                                                       ментор      Лиле Велјановска

Празнуваме за едно училиште со душа (2 место- одделенска настава)

ООУ. „Св. Климент Охридски“ с. Драчево

 

Моето училиште Св. Климент Охридски се вика,

 од него постојано радост и среќа блика.

Природата го дарила со раскошен двор,

Дрвја и цвеќиња има во дворот свој.

 

 Знаење од него извира рој,

Другарства се стекнуваат безброј.

Од секој агол ново знаење се раѓа,

Традиција вековита постојано ни ја враќа.

 

Училиштето мое е без мана,

 Во него на секого шанса се дава,

За учење да стекне со радост и без мака,

наставничките се тука секого да држат за рака.

 

 Мелани Василевска

 3-1 одделение

 Ментор: Тања Петков

За моето училиште (3 место одделенска настава)

 

Година по година

час по час

 во тебе училиште мое

растам јас

 

 Во клупите твои

 го собирам знаењето мое.

 Букви бројки песнички

 за мене се леснички.

 

Наставничке моја мила

 Како сонце си во мај

Бескрајно сум

ти благодарен знај.

 

 Дамјан Василевски II 2

 Ментор Сузана Спасовска

Празнуваме за едно училиште со душа (3 место- одделенска настава)

Училиштето мое

Климент Охридски се вика, 

во него детски џагор и смеа 

и среќа на нашите лица блика.

 Се родил во Охрид 

пред многу лета, 

азбука ни напишал,

 тој е наша гордост света.

 Празнуваме за тебе, 

горди на твоето дело, 

среќни сме што можеме да учиме и твориме, 

празнуваме среќно и весело.

 Кирил и Методиј учители негови биле

 и писменоста во него ја впиле, 

писменоста ја ширел секаде низ градови и села, 

учење и творење се негови дела. 

 Василиј Ѓорѓиевски 4-1 

Ментор: Елена Симоновска

Пофалници (одделенска настава)

Празнуваме за едно училиште со душа

(состав)

Зборот празник за мене значи нешто убаво,  кога славиш со најблиските, најмилите. Празник е среќа во душата. Празник има и моето училиште ,,Св. Климент Охридски,,. Тогаш училиштето мое е најсреќно, полна му е душата што ние прославуваме за него. За овој посебен ден на нашето училиште ние се подготвуваме многу. Пишуваме и твориме за нашето училиште, пееме песни посветени на големиот светец Климент. Климент бил првиот учител што ја ширел писменоста низ цела Македонија. Секогаш бил неуморен во своите дела. Затоа нашето училиште, мојата наставничка не поттикнуваат и нас нивните ученици да бидеме неуморни, вредни, да впиваме знаење и да го чуваме до крајот на животот. Ова училиште со голема душа за мене ќе остане незаборавен спомен и секогаш ќе биде врежано во моето срце.

 

 

Владимир Стоилковски V-1 одд.

Ментор: Елена Иванова

Празнуваме за едно училиште со душа

(состав)

Името на моето училиште е Св. Климент Охридски . Тоа се наоѓа блиску до мојот дом и е едно од најстарите училиште во нашиот град. Оваа година го прославува својот 99 роденден. Во ова училиште учеле многу генерации. Една од тие генерации е и моето 5-1 одд. Пет години учам во него и сум многу среќна . Моето училиште има топла душа и знам дека секој од вас за него слушнал.Наставниците се многу добри и љубезни и не учат на многу работи кои ќе ни користат низ животот. Внатре во училиштето има и библиотека во која има многу книги од кои можеш да научиш и нешто интересно да дознаеш. Надвор пред училиштето има големо игралиште каде можам да си играм со моите другарчиња. Но она што најмногу ми се допаѓа во моето училиште се моите другарчиња. Поминуваме години заедно, минуваме цели денови учиме едни од други, се забавуваме и не себично си помагаме.Покрај тоа моето училиште ни дава можност да се вклучиме во разни натпревари и да освојуваме многу награди. Со нашите стекнати знаења, идеи неговата душа се полни. И затоа јас како ученичка во ова училиште можам само да кажам дека моето училиште е со широка душа во која има прекрасни луѓе, а од неа излегуваат  незаборавни искуства.

 

Јована Дабеска V-1 одд.

Ментор: Елена Иванова


  



No comments:

Post a Comment