Денес, 16.11.2023 во 16 часот се одржа книжевна средба - интервју со познатата авторка на детски книги и книги за возрасни Татјана Гогоска, каде се запознавме со нејзините дела и позборувавме на тема „Детето и книгата“ и дознавме за важноста на книгата и читањето во раниот детски развој.
....Дали знаевте дека Татјана Гогоска со нашето училиште има соработувано уште во далечната 1994 година, кога за јубилејниот Патронен празник на сцена беше изведена нејзината драма за деца „Климентово училиште“...
....Дали знаевте дека авторката е сценарист на над 300 ТВ сценарија за различни телевизиски емисии, меѓу кои и култните „Во светот на бајките“, „Дајте музика“, „Големи и мали“, „Светот има осум страни “, „Умни глави“, „Сезаме отвори се“, “Чирибу-Чириба“, “Ние сме нај“...
....Дали знаете дека Татјана Гогоска во 2016 година ја доби Државната награда за најдобар драмски текст, за драмата за деца „Најденко во магичниот круг“...
Сето ова и многу повеќе го дознавме на нашата средба во нашето училиште по повод затворањето на Месецот на книгата, кој беше одбележан со бројни конкурси и награди за најдобрите творби, награди од конкурсите „Жуборењата на Радика“, „Читам книга секој ден“- во организација на библиотеката од Пробиштип и Милица Паулус, „Мирисот на книгата“во организација на библиотеката од Штип и Милица Паулус, „Културно наследство“ во организација на книго-издавачката куќа „Феникс“.
Исто така, овој месец беше набавено и ново лектирно издание кое досега го немаше во голем број во нашата библиотека.
No comments:
Post a Comment